Connect with us

Останато

Во Хрватска од денеска стапува во сила законската обврска за прикажување на цените во куни и евра

Објавено

на

На помалку од четири месеци пред влезот на Хрватска во еврозоната, од денеска стапува во сила законската обврска за прикажување на цените во куни и евра, како мерка за заштита на потрошувачите во процесот на воведување на новата валута.

Од денеска до 31 декември 2023 година деловните субјекти и другите обврзници во односите со потрошувачите мора јасно да ја наведат цената и другите парични вредности и во евра и во куни.

Обврската е цените на стоките и услугите мора да бидат јасно видливи, лесни за читање, разбирливи, изразени на таков начин што нема да го доведуваат во заблуда потрошувачот и потрошувачот да може точно да разбере на кои стоки или услуги се однесува цената и може да провери дали цените се правилно пресметани.

Исто така, фиксниот курс треба да биде истакнат на видно место во продажниот простор.

Двојното декларирање на цените компаниите ќе треба да го применат на ценовниците и промотивните материјали што ги објавуваат и на интернет и во медиумите.

Советот на Европската унија на 12 јули годинава донесе одлука за усвојување на еврото во Хрватска на 1 јануари 2023 година, откако утврди дека Хрватска ги исполнува сите потребни услови за воведување на еврото како официјална валута.

Советот на ЕУ утврди дека курсот е 7,53450 куни за едно евро.

Останато

ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ – Во тек е етапната исплата на мартовските пензии, повисоки за 8,4%

Објавено

на

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започна етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8,4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија за раст на пензиите, која следи два индикатори односно 50% од порастот на просечната плата и 50% од порастот на трошоците за живот. Ова усогласување се врши два пати во годината март и септември и претставува постојан раст на пензиите. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Стевкова-Штериева: Принципите за родова еднаквост се основа за просперитетна иднина

Објавено

на

Со истакнување на обврската за почитување на Принципите за јакнење на жените (The Women’s Empowerment Principles) како дел од Целите за одржлив развој на ООН, д-р Маја Стевкова-Штериева, претседателка на МБА и Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, нѐ потсети на заедничката одговорност за справување со најголемите предизвици на денешницата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Кирил и Кристијан од ООУ “Мите Богоевски” – Ресен се национални победници на Европски квиз на пари 2023

Објавено

на

Денес, последниот ден на Глобалната недела на пари, во организација на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, се одржа финалето на националниот натпревар Европски квиз на пари 2023. (more…)

Продолжи со читање

Популарно