Connect with us

Анализи

Во Хрватска масовно се фалсификуваат евра

Објавено

на

Во првата половина од 2018 година во Хрватска беа повлечени 1 486 фалсификувани банкноти, од кои 1 203 беа фалсификувани евра.

Ова е дури 470 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година.

 Од вкупниот број откриени фалсификати, 263 повлечени банкноти се фалсификувани куни, што е 192 отсто повеќе отколку во 2017 година, според „Бизнис дневник“.

Анализи

НЛБ, Стопанска и Комерцијална остварија над 70 милиони евра профит за шест месеци

Објавено

на

Дека за банките во Македонија “нема зима” доказ се објавените финансиски извештаи од најголемите три банки, НЛБ, Стопанска и Комерцијална. Согласно билансите, големата банкарска тројка и нејзините вработени успеале за шест месеци да прокнижат профит од неверојатни 70 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

По турската лира паѓа и руската рубља

Објавено

на

Рубљата остро се амортизираше – на отворањето на московската берза денес, па така еден долар беше разменет за над 68 рубљи и еврото за повеќе од 76 рубљи.

Индексот на акции РТС падна за 0,9%, објави Би-Би-Си.

Аналитичарите  руската валута  велат дека е под притисок последните денови. В петокот таа  падна на психолошката  граница от 67 рубљи за долар.

Хасет: Падот на лирата е знак дека Турција има проблеми со економија

Основен фактор за обезвреднување  на рубљата се американските санкции, но има влијание и падот на турската лира.

Продолжи со читање

Анализи

Која е Тирана Банка и зошто Комерцијална Банка ја купи?

Објавено

на

Од извештајот на независната ревизија на „Делоит Албанија“ направена во мај годинава се гледа дека „Тирана Банк“ има акумулирана загуба од 33,2 милиони долари заклучно со крајот на 2017 година. Од достапните податоци се гледа дека „Комерцијална банка“ ќе учествува во купување на значајно помала банка во соседната држава. Лани „Тирана Банк“ завршила со добивка од 4,7 милиони долари. Тоа во споредба со 2016 година е солиден прогрес затоа што преклани „Тирана банк“ завршила со загуба од 4,7 милиони евра.

Податоците за клучните приходи покажуваат дека лани „Тирана банк“ имала нето приходи од камати и од надоместоци вкупно 18,83 милиони долари. Имено, лани од камати банката има приход од 17 милиони долари и тие бележат пад од 3 милиони долари во споредба со 2016 година. Нето приходите од камати изнесуваат 15,2 милиони долари и тие се за 1,5 милиони долари односно за 10 отсто пониски од 2016 година. Кај провизиите трендот бил растечки. Бруто приходот од провизии и надоместоци е 3,82 милиони долари и бележи раст од 45.000 долари во однос на 2016 година. Нето приходот од провизии и надоместоци е 3,63 милиони долари и бележи раст од 27.000 евра во однос на претходната година. Најголеми расходни ставки се: останатите оперативни трошоци и трошокот за вработени. Првата ставка носи 8,5 милиони долари, а втората 5,7 милиони долари. Трошоците во однос на двете ставки растат во однос на 2016 година. И кај двете растот е за по околу 900.000 долари.

Депозитната база на „Тирана банк“ е околу 550 милиони долари и во однос на 2016 година е намалена за над 23 милиони долари. На другата страна заемите дадени на банките биле на ниво од 239 милиони долари што е раст за околу 37 милиони долари во споредба со 2016 година. Заемите кон коминтентите на крај на 2017 година се на ниво од 24,04 милиони долари и тие бележат раст од 10,8 милиони долари.

„Комерцијална банка“ најави дека ќе учествува во купување на албанската банка „Тирана Банк“ заедно со групацијата „Балфин Груп“. „Тирана Банк“ е прва приватна банка основана во Албанија во 1996 година. Доминантен акционер на оваа банка е грчката „Пиреус банка“ која всушност и ќе биде продавач на акциите на новите сопственици. Од „Комерцијална банка“ соопштија дека продажбата ќе се реализира преку трансакција откако ќе биде одобрена од регулаторните тела на двете држави.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange