Connect with us

НБРМ

Во феврури намалени каматните стапки и кај кредитите и кај депозитите

Објавено

на

Просечната каматна стапка на кредитите во февруари бележи минимален пад од 0,01 процентен поен и изнесува 4,61 проценти, додека на годишно основа е намалена за 0,03 процентни поенти, покажуваат податоците на Народната банка.

Податоците покажуваат дека намалување има и кај просечната каматна стапка на депозитите и тоа на меечно ниво од 0,01 процентен поен и изнесува 0,92 проценти, додека на годишно нниво пониска е за 0,27 процентни поени.

Просечната каматна стапка кај новоодобрените кредити е 4,25% со забележан пад од 0,27 процентни поенти на месечна основа и на годишна е намалена за 0,08 процентни поенти. Кај новопримените депозити каматната стапка е 0,71% и е повисока за 0,09 процентни поенти на месечно ниво, но на годишна основа бележи пад од 0,27 процентни поенти.

Кај корпоративниот сектор просечната каматна стапка во февруари изнесувала 3,70 проценти, на новоодборените каматната стапа е 3,76% и бележи месечен раст од 0,16 процентни поени.

Депозитите на корпоративниот сектор имале каматна стапка од 1,20 проценти со месечен пад од 0,02 процентни поени.

Во секторот домаќинства каматната стапка на кредитите изнесува 5,43% со забележан пад на месечно ниво за 0,02 процентни поени, додека кај депозитите во февруари изнесува 0,88% и е минимално намалена за 0,01 процентен поен.

НБРМ

Советот на Народната банка ги усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2020 година

Објавено

на

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беа усвоени Годишниот извештај на Народната банка за 2020 година и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Нацевска: Податоците покажуваат дека мерките преземени од Народната банка дадоа резултати во досегашниот тек на корона-кризата

Објавено

на

Податоците покажуваат дека мерките преземени од Народната банка дадоа резултати во досегашниот тек на корона-кризата. Меѓу другото, условите за кредитирање и натаму се олабавени, што е видливо преку натамошното постојано намалување на каматните стапки на кредитирањето коишто достигнаа историски најниски нивоа. Во текот на измината година, кредитната поддршка не забави, што вообичаено се случувало во сите претходни кризни епизоди, туку беше обезбеден солиден кредитен раст. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Соработка со Хрватската народна банка како дел од Регионалната програма на ЕУ за централните банки од земјите на Западен Балкан насочена кон зајакнување на функцијата меѓународни односи

Објавено

на

Во рамките на Регионалната програма за јакнење на капацитетите на централните банки на земјите кандидатки и потенцијални кандидатки за членство во ЕУ од Западен Балкан, којашто е во тек, започна да се спроведува билатералната мерка во соработка со Хрватската народна банка, насочена кон понатамошно зајакнување на функцијата на нашата централна банка во областа на меѓународните односи и особено евроинтеграциите. (more…)

Продолжи со читање


Популарно