Connect with us

Странски банки

Во услови кога корона-кризата ги тресе речиси сите глобални економии, Кина оствари суфицит од 18,46 милијарди долари

Објавено

на

Во услови кога коронавирусот ги пустоши светските економии и доведува цели семејства на работ на егзистенцијата, Владите на речиси сите држави се борат да ја одржат економијата и трговскиот дефицит да биде сведен на минимум, Кина земјата од која започна се што денес се случува оствари тргвски суфицит од неверојатни 18,46 милијарди долари во март.

Кинеската Царинска управа изјави дека тоа е далеку под нивните очекувања, но суфицит и тоа енормен во услови на тешка криза и пандемија во речиси целиот свет е за огромна пофалба.

Кинескиот извоз е намален на годишно ниво 3,5 проценти во тој месец, што е помал пад од очекуваниот, додека увозот на најнаселената земја во светот порасна 2,4 проценти од година во година, и така надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите кои предвиделе дека тој ќе падне во март.

Во првото тримесечје од 2020 година, кинескиот трговски суфицит достигна 98,3 милијарди јуани (13,9 милијарди долари). Во споредба со претходната година, Кина извезе 11,4 проценти помалку стока, додека за три месеци заклучно со март увозот е намален за 0,7 проценти на годишно ниво.

Странски банки

Коронавирусот го преполови профитот на банките

Објавено

на

Иако банките досега успешно се справуваа со корона кризата, истражувањето на Европската централна банка, спроведено меѓу 86 банки во еврозоната, покажува дека многу од нив би можеле да се најдат во потешкотии затоа што нема да можат да ги исполнат пропишаните услови за капитал, пишува денеска „Јутарњи лист“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Странците во црногорските банки чуваат 747 милиони евра депозити

Објавено

на

На крајот на јуни годинава, нерезиденти и странци имале 747 милиони евра депозити во банките во Црна Гора. Во исто време, вкупните депозити на граѓаните и фирмите изнесувале 33 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

„Intesa Sanpaolo” оствари нето-добивка од 2,56 милијарди евра во првата половина на 2020 година

Објавено

на

Управниот одбор на меѓународната банкарска групација „Intesa Sanpaolo”, во чии рамки делува „Banca Intesa”, го одобри консолидираниот полугодишен извештај на 30 јуни 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно