Connect with us

Останато

Во Солун Самит за перспективата и соработката на Западен Балкан

Објавено

на

Во организација на Федерацијата на индустрии од Северна Грција, денес и утре во Солун ќе се одржи третиот „Thessaloniki summit“, кој оваа година е под наслов „Европската перспектива, поврзаноста, индустрискиот развој и соработката на Западен Балкан“.

Премиерите на Грција, Бугарија и Србија – Алексис Ципрас, Бојко Борисов и Ана Брнабиќ, како и вицепремиерката на Романија, Ана Бирчал, вечерва ќе говорат за „Регионалната соработка како дел од европската интеграција“.

На дводневниот самит ќе стане збор и за теми поврзани со енергетиката, поврзувањето, инфраструктурата, иновациите, инвестициите и сл.

Меѓу учесниците се и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, градоначалникот на Солун, поранешни грчки министри, голем број амбасадори во Грција, грчки пратеници, новинари, професори.

Со свое обраќање утре самитот ќе го затвори лидерот на грчката опозициска партија, Кирјакос Мицотакис.

Останато

Од почеток на 2019 година државните обврзници ќе се тргуваат на Македонска берза

Објавено

на

Државните хартии од вредност од почетокот на 2019 година ќе котираат на Македонска берза. Денеска министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Македонска берза Иван Штериев, потпишаа договор за котација на државните обврзници. Со ова државните хартии од вредност ќе станат достапни за поголем број на инвеститори, како домашни, така и странски. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Google Pay штотуку стана полесен за употреба!

Објавено

на

Последната верзија на Google Pay ги прави мобилните плаќања од Android многу слични на оние на нивниот најголем ривал, Apple Pay.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Избрани претприемачите за 2018 година

Објавено

на

Ваљон Купа од „Евита груп“ – Дебар и Филип Ристевски од „Пиксел“ – Скопје во категоријата мали претпријатија, како и Сашко Андонов од „Течко нет“ – Кочани и Александар Билјаноски од „Мое студио Дадар“ – Скопје во категоријата микро претпријатија, се добитници на наградите „Претприемач на годината 2018“.

(more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange