Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Во следните денови ќе има поврат на ДДВ и за корисниците на Ајфон!

Објавено

на

Управата за јавни приходи во текот на вчерашниот ден објави дека поврат на ДДВ ќе биде овозможен во наредните денови и за корисниците на Ајфон уреди, по реакцијата на дел од граѓаните кои не можат да ја симнат апликацијата МОЈ ДДВ и да започнат со скенирање на фискалните сметки.

Од УЈП како причина го наведоа објаснувањето дека се работи за мултинационална компанија која работи со посложени административни процедури.

„Се работи за посложена мрежа и затоа ќе доцни спроведувањето на апликацијата. Очекуваме во наредните денови апликацијата да биде достапна за преземање и од „Apple Store“ за корисниците од „iOS“ оперативниот систем, бидејќи станува збор за мултинационална компанија која работи со посложени административни процедури при поставување на апликациите. Невалидните фискални сметки немаат бар код и поради тоа нема да може се изведе скенирањето. Доколку граѓаните сакаат да пријават даночен обврзник кој не издава фискални сметки, или издава компјутерски сметки, тоа ќе може да го направат на телефонската линија 198, или преку анонимна пријава и сето тоа да се процесира. Службите во сите дирекции се на располагање на граѓаните, а секој на кого му е потребна помош може да се јави кај нас”, изјави Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи.

Од буџетот ќе бидат издвоени 50 милиони евра за поврат на ДДВ. Експертите предупредуваат дека од повратот ќе се офајдат само најбогатите 5% од граѓаните и дека во легалната економија треба да се вратат најмалку двојно повеќе пари, за проектот да биде успешен.

Треба да се внимава една сметка да не надминува 30.000 денари, а вкупно платениот ДДВ на месечно ниво да е помал од 4.000 денари. Еден човек може да врати најмногу 7.200 денари годишно. Првата исплата ќе биде во декември.

Останато

Услугите на Тиго Фајнaнс отсега уште подостапни за жителите на Гевгелија

Објавено

на

Со цел да биде уште поблиску до своите клиенти и да обезбеди врвно корисничко искуство во секој контакт со клиентите, Тиго Фајнанс ја проширува својата продажна мрежа, отворајќи ја денес новата, 18-та по ред филијала, во Гевгелија. Филијалата е лоцирана на ул. Слободан Митров-Данко бр.87. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Фирмите добија 196 милиони евра поврат на ДДВ во првото полугодие, за 20% повеќе од лани

Објавено

на

Преку 12 милијарди денари или 196 милиони евра се инјектирани во стопанството во првата половина од годинава, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите. Согласно податоците на Министерството за финансии повратот на ДДВ кон фирмите заклучно јуни е поголем за околу 20% во однос на истиот период лани или за скоро 2 милијарди денари. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Започнува со работа фондот за школување и вработување на БЕФ

Објавено

на

Balkan Economic Forum (БЕФ) во соработка со веб-академијата Еверест и со финансиска поддршка на Sparkasse, го објави денес својот прв јавен повик за кофинансирање стручни студии во област на веб-развојот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange