Connect with us

Форекс

Во светот може да останат само пет или шест валути!?

Објавено

на

Во светот во моментов постојат повеќе од 100 признати валути, но тој број може драстично да се намали на само пет или шест во следните 20 години, изјави бразилскиот министер за економија Пауло Гуедеш на Светскиот економски форум во Давос.

Европските земји ја воведоа заедничката европска валута еврото пред 20 години, дозволувајќи им на луѓето од Франција да патуваат во Германија без да мора да менуваат пари и да ги прилагодуваат на државата во која патуваат.

Тоа може да се преслика и во другите делови на светот во иднина, под услов тие да се усогласат политички или економски, рече Гуедеш.

„Ако ги земете во предвид политичката димензија и економската димензија, за 20 или 30 години би можеле да имаме само пет, шест валути“, изјави Гуедеш.

Во моментов, американскиот долар се смета за безбедна валута – што значи дека неговата вредност расте во услови на криза. Поради стабилноста и трговијата, повеќе земји низ светот решија да ја врзат својата домашна валута токму за американскиот долар. Сепак, во време на нестабилноста на американскиот долар, тоа би можело да има негативно влијание врз тие земји.

Развој на заеднички валути во различни земји може да им помогне на овие економии да ја намалат нивната зависност од американскиот долар. Во тој случај, алтернативата би била еврото, друга „континентална валута“, подрачје во кое доминира доларот, а Кина би имала своја сопствена валута, која исто така ќе гравитира во неколку околни земји.

Форекс

НЕДЕЛА НА ХВ: Ви ја претставуваме Дирекцијата за услуги со хартии од вредност на Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка посветува посебно внимание во посредувањето при купопродажба на хартии од вредност на Македонската берза. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

НЕДЕЛА НА ХВ: Ви ја претставуваме Дирекцијата за услуги со хартии од вредност на Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје на своите клиенти им овозможува користење на брокерски услуги, односно пристап до хартиите од вредност на 108 домашни котирани компании, со вкупна пазарна капитализација над 2 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

НЕДЕЛА НА ХВ: Ви ја претставуваме Дирекцијата за услуги со хартии од вредност на Еуростандард банка

Објавено

на

Еуростандард банка е една од банките во нашата земја која посредува при купување и продавање на хартии од вредност на македонската берза. Тргувањето со хартии од вредност се одвива секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно