Останато
Во САД највисока стапка на инфлација во последните 40 години


Цените во САД се зголемени за седум проценти во декември 2021 година во однос на претходната година, што претставува највисока стапка на инфлација во последните 40 години, соопшти Министерството за финансии во Вашингтон.
Според „Гласот на Америка”, повисоки цени ја одбележаа американската економија во текот на целата претходна година, а нивниот раст е највисок од 1982 година.
Економските експерти посочуваат дека „високата побарувачка се судри со недостигот во снабдувањето предизвикан од коронавирусот”. Тоа влијаеше на растот на цените на моторните возила и мебелот, но и на секојдневните потреби, како што се храната и горивото.
Белата куќа и креаторите на економската политика во Федералните резерви (Централната банка на САД) се фокусирани на растечките трошоци, иако укажуваат дека очекуваат инфлацијата да остане изразена во текот на 2022 година.
Американскиот претседател Џозеф Бајден ја повика Федералната трговска комисија да го истражи „однесувањето на нафтените и гасните компании на штета на потрошувачите”.
Федералните резерви се обидуваат да ја ограничат инфлацијата со прекинување на директната финансиска поддршка за економијата во март, порано од првично планираното, и со зголемување на референтната каматна стапка што влијае на трошоците за задолжување за бизнисите и потрошувачите.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје