Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Во пораст вредноста на македонските обврзници по ратификацијата на Преспанскиот договор

Објавено

на

Инвеститорите се се повеќе заинтересирани за Македонските државни обврзници, по ратификацијата на Преспанскиот договор од страна на грчкиот парламент, оценуваат странските експерти.

Покрај растот на државните обврзници кои се поатрактивни со секој изминат ден, се намалува и задолжувањето кон странство, односно опаѓаат каматите на еврообврзниците.

Македонската државна обврзница ја достигна највисоката вредност во последнава година, со раст од 3,5% само во последните десет дена.

Евидентен е и падот на каматата на државната еврообврзница од 500 милиони евра издадена во 2018 година која доспева за исплата во 2025 година. Каматната стапка се спушти на најниско ниво во последната година односно се намали на 2,51% од претходните 2,75%.

“Македонија е кредит кој се движи во правилна насока. По спогодбата со Грција, можеме да го видиме приклучувањето на државата во НАТО, а во блиска иднина Македонија ќе биде и кандидат за ЕУ”, изјави за Ројтерс, Марк Даудинг, менаџер во Фондот Bluebay Asset Management.

 

Останато

Златниот град на УНЕСКО со акција за отстранување на банкомати

Објавено

на

Во стариот дел на Дубровник откако поминал рокот по управна постапка за отстранување на поставените банкомати во отворите на зградите кој траел 30 дена, Комуналното претпријатие овој месец издало решенија за парични казни за седум објекти во износ од 10.000 куни. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Нина Ангеловска: “Добив шанса да бидам предводник на промени со кои ќе ги задржиме младите во државата!”

Објавено

на

Премиерот Зоран Заев по денешната седница на Централниот одбор на партијата најави дека во текот на утрешниот ден ќе достави предлог до Собранието за нов министер за финансии да биде назначена Д-р Нина Ангеловска, која е директорка на компанијата „Групер“ и претседател на “Асоцијација за е-трговија на Македонија“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот ја губи вредноста поради слабата ликвидност

Објавено

на

Биткоинот ја намали својата вредност за 8%, спуштајќи се на петдневен минимум, а трговците и аналитичарите го препишуваат овој губиток на вредноста на техничко тргување во услови на слаба ликвидност.   (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange