Connect with us

Останато

Во Полошкиот регион се одржа втора едукативна работилница за ефикасно искористување на средствата од ИПАРД програмата

Објавено

на

Во Полошкиот регион како еден од позначајните за домашното земјоделство, но и за преработувачката индустрија се одржа едукативна работилница за сите правила и процедури кои треба да бидат запазени за ефикасна искористеност на  средствата од ИПАРД програмата. На работилницата присуствуваа Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николчо Бабовски, Директорот на Агенцијата за поттикнување на земјоделството, Елгафер Јусуфи, и заменик директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, Абдул Селами. 

Токму во Полошкиот крај неколку претпријатија имаат успешни реализирани приказни. Во таа насока за нови квалитетни апликации земјоделците беа запознаени и за тековните огласи за  добивање на средства по Мерка 3 од ИПАРД програмата „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“, која истекува на 29 јануари.

Мерката 3, предвидува инвестиции во преработувачки капацитети за: млеко и млечни производи, месо и производи од месо, вклучително и живина и јајца. Предвидува и преработка на овошје, зеленчук, житарици, мелнички продукти и скроб, преработка на вино и оцет при што половина од вложените средства на земјоделците ќе им биде кофинансирана односно ќе им бидат вратени 50 отсто од парите кои им се одобрени како прифатлив трошок. За оваа мерка повикот е отворен до 29-ти јануари, а на располагање се вкупно 13 милиони евра.

Исто така до 9 февруари е аплицирањето и за Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“. Бабовски потсети дека, со оваа мерка ќе може да се градат или реконструираат објекти за добиточна храна, складишта за храна, оранжери капацитети за ладење – калибирање и пакување на земјоделски производи. Исто така може да се набавуваат и машини и опрема за земјоделство, системи капка по капка, но, не и трактори, затоа што Буџетот за оваа намена е искористен со претходниот Повик. Вкупната финансиска  поддршка во рамките на овој Јавен Повик изнесува околу 12 милиони евра.

Бабовски потенцираше дека на овој повик поднесените апликации мора да бидат целосни и комплетни што е и услов да поминат во следна фаза за разгледување.

Само на првиот повик со ИПАРД 2 програмата склучени се 940 договори во вредност од 18 милиони евра, што е повеќе од целиот програмски период за ИПАРД 1. На сметките на земјоделците и на бизнис заедницата досега вратени се 1,4 милиони евра за реализирани инвестиции во земјоделството и преработувачките капацитети.

Користењето на средствата од ИПАРД, за Македонија значи достигнување на стандардите на Европската Унија кои се однесуваат на квалитет и безбедност на храна, јавно здравје, заштитата на животната средина, заштита при работа, здравје и заштита на растенијата и на животните, благосостојба на животните, како и поддршка за оддржливо управување со природните ресурси и подобрување на условите за живот во руралните средини и руралната економија во целост.

Денешната работилница е втора од делот на едукативната кампања за ИПАРД 2 2014-2020, која ќе трае 18 месеци и во чии рамки ќе се одржат 3 форуми, 6 работилници и 80 инфо денови.

Повеќе информации може да се најдат на www.mzsv.gov.mk, www.ipard.gov.mk и  www.ipardpa.gov.mk

Повеќе

Останато

Соработката помеѓу Асоцијацијата за е-трговија, Царинска управа и ДХЛ покажува резултати!

Објавено

на

Според последните достапни податоци од НБРМ кои се однесуваат на третиот квартал од 2018 година, со платежни картички се направени трансакции во вредност од 100 милиони евра за купување онлајн што претставува 28% пораст во однос на истиот период минатата година. Од направените онлајн купувања најголем дел (63%) биле потрошени за купувања од странски е-трговци или скоро 63,34 милиони евра. Големината на вредноста на средства потрошени кон странски е-трговци покажува и колку е значајно поедноставувањето на увозните постапки.

Со поедноставувањето на увозните постапки за брзи пратки крајните корисници ќе заштедат време, ќе се зголеми ефикасноста при испорака на пратки и ќе се избегнат административните процедури кои беше потребно да се обезбедат од страна на примачот пред да се подигне пратката.

Новата постапка за царинење на брзите пратки претставува поедноставување на самата царинска постапка за пратките коишто доаѓаат преку брзите пошти. 

Имено граѓаните и фирмите кои добиваат роба од интернет, во иднина нема да мораат да доаѓаат на царина како би извршиле декларирање, подигање и плаќање на самиот царински долг. Во овој случај брзите пошти стануваат декларант, со што се скратува постапката за царинско ослободување на стоката која доаѓа преку интернет и се овозможува скратување на времето за испорака, кое во некој просек досега се движише од околу 72 часови, а сега од 72 часови ќе се намали на 24 часови. – изјави директорот на Царинската управа, г-дин Ѓоко Танасоски

ДХЛ Експрес Македонија е првиот овластен декларант преку кој може да се овозможи оваа поедноставена постапка. ДХЛ ќе добиваат информации за какви пратки се доставуваат уште пред истите да бидат пристигнати во Македонија. Всушност додека пратката се транспортира од одредена адреса во Македонија, по претходно одобрување од страна на крајните примачи на пратките, ДХЛ Експрес Македонија во име на примачот ќе може да ги извриши сите административни работи за пријавување и царинење на стоката и подмирување на царинскиот долг, со што по пристигнување на пратката истата веднаш ќе се испорачува до примачот. Со ова ќе се зголеми ефикасноста при испорака на пратки, а крајниот примач ќе биде ослободен од административни процедури, без разлика од која вредност е пратката.

Сведоци сме дека пратки од ЕУ до нас пристигнуваат за 12 до 18 часа, но притоа за спроведување на постапката за увозно царинење и достава до крајниот корисник, потребни се не ретко 48-72 часа. Конкретно физичките лица за да оцаринат пратка којашто е пристигната во Р. Македонија за нив, трошеа многу време, пополнуваа многу документи, административните постапки беа многу долги. Сега со добивањето на одобрението всушност очекуваме дека ова време ќе биде скратено најмалку за 24 часа, притоа ќе им заштеди време во транспорт, логистика, пополнување на документи и секако правење на дополнителни трошоци за истото. Всушност ДХЛ Експрес Македонија ќе се јави како нивни застапник пред Царинаската управа, ќе ги плати сите потребни давачки во нивно име и следното утре пратката ќе ја достави на нивна адреса. – вели Биљана Мановска Наунчевска, оперативен менаџер на ДХЛ Експрес Македонија.

АЕТМ од своето основање работеше на мапирање на пречките, бариерите, предизвиците кои што стојат на патотот на развој на е-трговијата и секако на формирање на препораки. Со потпишување на меморандуми за соработка со клучните институции помогна за поттикнување на промени кои се однесуваат кон подобрување на е-трговијата.

Оваа промена за поедноставување на увозните постапки за брзи пратки повеќе се однесува на побарувачката во е-трговија, односно кога граѓаните прават онлјан нарачки на производи од странство. Не радува што Царинската управа е отворена за промена и се надевам дека ова е само една од низата промени кои ќе следат. Во текот на оваа година ќе бидеме фокусирани да иницираме повеќе промени коишто ќе значат и промени на страната на понудата, односно да ја зголемиме конкурентноста на домашните компании и да им го олесниме патот за да нивните производи може полесно да ги продадат и пласираат и на странски пазари, истакна Нина Ангеловска, претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Продолжи со читање

Останато

ССК: Домашните компании недоволно соработуваат со компаниите во зоните со потенцијал за раст

Објавено

на

Да се интензивира соработката на домашните компании со инвеститорите во слободните економски зони, преку пренесување на знање, технологии, менаџерски вештини во насока на зајакнување на нивната конкурентност, како и можности за отворање на пазарот надвор од државата, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојузот на стопански комори (ССК). (more…)

Продолжи со читање

Останато

Регионална конференција за социјално претприемништво

Објавено

на

Завршен настан од проектот „Смарт Старт: Оддржливо влијание на граѓанските организации од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Турција преку социјално претприемништво и социјални иновации” ќе се одржи денеска во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange