Connect with us

Форекс

Во октомври биле истргувани неверојатни 25.823 акции на Гранит АД Скопје!

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.10.-31.10.2019 година вкупниот промет изнесува 681.345.461 денари и е намален за 6,90% во однос на претходниот месец септември.

Класичното тргување изнесува 362.625.740 денари и е намалено во однос на септември за 20,83%.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 355.057.778 денари и обврзници во вредност од 7.567.962 денари.

Блок трансакциите во септември изнесувале 318.719.721 денари и бележат раст од 75,91%.

Бројот на трансакции во септември изнесувал 1.777, односно 108 трансакции помалку во однос на септември, со што бележи пад од 5,73%.

Според бројот на трансакции најтргувани акции на официјалниот пазар за октомври беа акциите на Макпетрол АД Скопје, со вкупно 375 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 347 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје со 257 трансакции.

Според количината на истргувани акции, најтргувани беа акциите на Гранит АД Скопје со неверојатни 25.823 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Комерцијална банка АД Скопје со 11.387, а акциите на Алкалоид АД Скопје го заземаа третото место со 6.978 истргувани акции.

Целосниот месечен статистички билтен за октомври 2019 година можете да го погледнете на следниов линк.

Форекс

НЕДЕЛА НА ХВ: Ви ја претставуваме Дирекцијата за услуги со хартии од вредност на Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка посветува посебно внимание во посредувањето при купопродажба на хартии од вредност на Македонската берза. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

НЕДЕЛА НА ХВ: Ви ја претставуваме Дирекцијата за услуги со хартии од вредност на Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје на своите клиенти им овозможува користење на брокерски услуги, односно пристап до хартиите од вредност на 108 домашни котирани компании, со вкупна пазарна капитализација над 2 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

НЕДЕЛА НА ХВ: Ви ја претставуваме Дирекцијата за услуги со хартии од вредност на Еуростандард банка

Објавено

на

Еуростандард банка е една од банките во нашата земја која посредува при купување и продавање на хартии од вредност на македонската берза. Тргувањето со хартии од вредност се одвива секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно