Останато
Во ноември ќе се одржи 5та годишна конференција за е-трговија – првпат во регионално издание

Под мотото „E-commerce: Accelerate!” на 11 ноември по петти пат ќе се одржи годишната конференција за е-трговија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ.
Конференцијата годинава за првпат добива регионален карактер и на истата се очекува да присуствуваат повеќе од 400 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори на компании и владини претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Бугарија и Хрватска што ја прави уникатна и единствена во регионот во своето петто јубилејно издание.
Организаторите, како и претходните години, најавуваат висококвалитетна програма исполнета со бројни истакнати меѓународни и домашни говорници кои преку предавања, панел дискусии и неформални разговори ќе ги пренесат своите експертизи и искуства од областа на е-трговијата, дигитализацијата и дигиталниот маркетинг.
Главниот акцент на годинашното јубилејно издание ќе биде ставен на забрзувањето како клучен дел од претприемачкиот екосистем за постигнување на раст и развој на бизнисите. Со забрзувањето доаѓа потребата за проширување на знаењето и имплементација на нови алатки, тактики, и стратегии. Според организаторите, многу компании успеале да ја прилагодат е-трговијата како нивен примарен или дополнителен канал за продажба, но се уште не е остварен целосниот потенцијал кој го нуди е-трговијата за раст на бизнисите.
„Затоа, фокусот на ова петто издание ќе биде одлична можност да се види до каде стигнала е-трговијата и колку далеку може да оди ако ја ставиме брзо напред и ја забрзаме. За време на конференцијата, говорниците ќе презентираат практични стратегии што најголемите бизниси, вклучувајќи ги и нивните, ги користат за раст и зголемен профит во овие непредвидливи времиња, а учесниците ќе можат да ги слушнат најновите трендови од е-трговијата, да се стекнат со нови знаења и практични примери, како и да ги искористат бројните можности за вмрежување со истомисленици од бизнис секторот.“ – велат од АЕТМ.
Освен ова, во сеопфатната програма на конференцијата официјално ќе се споделат податоци од годишниот преглед на анализата за е-трговија за 2022 година, ќе се зборува и за можностите кои ги нуди е-трговијата во регионот, за правилно користење на дигиталниот маркетинг, нови технологии и автоматизација на процеси, за промените на навиките кај купувачите предизвикани од е-трговијата, а ќе бидат споделени и совети за подобрување на бизнисите од најуспешните е-трговци во регионот.
Организаторите потенцираат дека годинава голем акцент ќе биде ставен и на вмрежувањето и неформалната дружба помеѓу учесниците на конференцијата преку повеќе забавни активности надвор од официјалната програма.
Инаку, минатата година конференцијата за е-трговија беше домаќин на преку 400 учесници од 150 компании, организации, универзитети и владини институции од земјата и од регионот, а свои презентации имаа 30 говорници од 10 земји.
„Early Bird“ картите се веќе пуштени во продажба по специјална цена од 129 евра за физичко присуство и 49 евра за онлајн следење на конференцијата.
Повеќе информации за говорниците, агендата и сите останати детали поврзани со конференцијата следуваат наскоро, а ќе бидат континуирано ажурирани и достапни на: https://ecommerceconference.mk/
Останато
Користењето на вештачка интелигенција е секојдневие во работењето на ИутеКредит

Креирањето на исклучително корисничко искуство на нашите клиенти е мисијата на Иуте Кредит. Како напредна финтек компанија користиме напредни технологии во секојдневното работење особено при услужувањето на клиентите. Нашата мобилна апликација Мој Иуте (MyIute), достапна и преку нашата веб страна, овозможува целосно самоопслужување, независност и дискреција. (more…)
Останато
Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер