Connect with us

НБРМ

Во Народната банка презентирана Анкетата за работењето на надзорните одбори на банките

Објавено

на

Членовите на надзорните одбори во банките покажуваат релативно високи познавања за својата улога во целиот процес на корпоративно управување со банките. Најголем дел од испитаниците сметаат дека нема потреба од измени на поставеноста на регулативата за добро корпоративно управување и регулативата за управување со ризиците. Повеќе од половина од испитаниците се изјаснуваат дека банката има стратегија за дигитализација. Дел посочуваат на потребата од поголема родова застапеност, со оглед на тоа дека застапеноста на жените во надзорните одбори е малку под 25%.

Ова се дел од одговорите од Анкета за работењето на надзорните одбори на домашните банки што ја спроведе Народната банка со цел да се согледаат одредени аспекти поврзани со надлежностите и улогата на надзорните одбори, а којашто беше презентирана денес пред членови на надзорните и управните одбори на банките во земјата. Инаку, вакви анализи спроведуваат повеќе централни банки, вклучувајчи ја и Европската централна банка.

Ефикасното корпоративно управување на банките е основен предуслов за стабилноста на банкарскиот систем. Тоа го потврдуваат и податоците за банкарскиот систем, кои покажуваат дека солвентноста, ликвидноста и квалитетот на кредитното портфолио на вкупниот банкарски систем во континуитет се одржуваат на стабилно и солидно ниво. Согласно со првичните податоци со крајот на јуни, стапката на адекватност на капиталот изнесува 17,3%, а учеството на нефункционалните во вкупните кредити на нефинансискиот сектор е ниско и изнесува 3,2%. Показателите за ликвидноста и натаму се на задоволително ниво и упатуваат на соодветно управување на банките со ликвидносниот ризик.

Одговорите на Анкетата покажуваат висок степен на запознаеност на членовите на надзорните одбори со барањата на регулативата за корпоративното управување и регулативата за управување со ризиците, постапувањето во случаите на постоење судир на интереси и политиката на наградување. Исто така, од одговорите на Анкетата може да се согледа дека значаен дел од членовите на надзорните одбори немаат дополнителен ангажман во други институции или имаат дополнителен ангажман во обем којшто не ја нарушува нивната способност да можат да посветат доволно време во извршувањето на обврските коишто произлегуваат од членството во надзорниот одбор.

Повеќе од половина од испитаниците се изјаснуваат дека банката има стратегија за дигитализација, што значи дека банките го следат трендот на дигитализација на финансиските услуги, кој особено се засили со појавата на пандемијата. Сепак, според одговорите на испитаниците, дигитализацијата на финансиските услуги и ЕУ регулативата се посочуваат како области за кои тие имаат потреба од дополнителни познавања. Најголем дел од испитаниците сметаат дека во наредниот среднорочен период би преовладувале ризиците поврзани со КОВИД-кризата и ризиците од макроекономското окружување.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Објавено

на

Во рамките на посетата на Универзитетот „Гоце Делчев“ ‒ Штип, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, оствари средба со ректорот на Универзитетот, проф. д-р Дејан Мираковски и со проф. д-р Дарко Лазаров на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката помеѓу Народната банка и Универзитетот во делот на истражувачката работа и макроекономското моделирање. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

ЕУ оцени дека одговорот на монетарната политика е соодветен и банкарскиот сектор е стабилен

Објавено

на

Инфлациските притисоци во македонската економија, главно се движени од цените на примарните производи при високо учество на храната и енергијата во потрошувачката кошничка. Во услови на зголемена неизвесност, поради надворешните шокови забележани се и одредени притисоци врз валутните преференции. Народната банка даде соодветен одговор  на растот на инфлацијата и повисоката склоност за странска валута, со соодветно затегнување  на монетарната политика. Ова се посочува во заклучоците од овогодинешниот економски и финансиски дијалог на Европската Унија со земјите од Западен Балкан и Турција, кој има за цел да ги подготви земјите за идното учество во координацијата на економските политики на ЕУ (Европски семестар). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Митреска на состанокот на БИС: Соодветна монетарна и фискална комбинација на ЦИЈИЕ, како поддршка на процесот на стабилизирање на растот на цените

Објавено

на

„Среднорочните фискални прогнози за земјите од Централнa, Источна и Југоисточна Европа упатуваат на фискална консолидација, што обезбедува поддршка на монетарната политика во напорите за намалување и стабилизирање на инфлацијата“, посочи вицегувернерката Ана Митреска, на 22. состанок за монетарната политика на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) за земјите од Централна и Источна Европа. (more…)

Продолжи со читање

Популарно