Connect with us

НБРМ

Во Народната банка беа доделени наградите од Конкурсот за ученици од основното и средното образование посветен на Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври

Објавено

на

Народната банка и Министерството за финансии денеска во Музејот на Народната банка ги доделија наградите освоени од учениците во рамките на Конкурсот за избор на најдобри ликовни и литературни творби по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври. На традиционалниот настан којшто годинава се одржува по десетти пат, пред присутните се обратија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими.

„Денот посветен на штедењето, којшто во светски рамки се одбележува речиси еден век, оваа година е под мотото: Штедењето ве подготвува за подобра иднина! Целта е да се промовира штедењето и да се подигне општествената свест за важноста на штедењето, да се истакнат придобивките коишто ги носи тоа за секого, за секое семејство, но и за економиите во целина“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Таа додаде и дека „за поттикнување на штедењето особено е значајна финансиската едукација и тоа од најрана возраст. Оттаму, Народната банка заедно со Министерството за финансии и останатите финансиски регулатори во изминативе години сè повеќе вложуваат во оваа сфера, а со носењето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, нашата земја се издвои меѓу првите во регионот.“

Заради одбележувањето на јубилејот ‒ 30 години од монетарното осамостојување, годинава темите на Конкурсот му беа посветени на денарот. Учениците од основното образование твореа на темата „За денарот твориме, за денарот славиме: 30 години од воведувањето на македонскиот денар!“, додека, пак, учениците од средното образование на темата „Македонскиот денар како национална валута ‒ еден од симболите на независноста“.

„Финансиската едукација е долгорочен процес со кој со вградувањето во наставните програми уште од најрана возраст се овозможува стекнување знаење и вештини за градење одговорно финансиско однесување во текот на секоја фаза од животот. Истовремено, подобро едуцираните и информираните граѓани, кои подобро управуваат со своите лични финансии претставуваат сè позначаен фактор во градењето стабилен и сигурен финансиски сектор“, рече министерот Бесими. Тој додаде дека штедењето е клучен столб во стабилноста на финансискиот систем, а учениците од основните и средните училишта имаа можност на објавениот Конкурс на креативен начин да ги изразат своите размислувања на темата штедење. „Творбите што ги испратија беа  квалитетни и покажаа дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон парите и имаат визија што да направат со нив. Тие покажаа дека нашите млади разбираат што е штедењето, но и покажуваат дека ги имаат основите за финансиска едукација којашто понатаму ќе ја надградуваат, а тоа ќе им овозможи да донесуваат исправни одлуки за сопствен развој и за развој на државата“, истакна Бесими.

На огромно задоволство на организаторите, на овогодишниот конкурс пристигнаа речиси 800 ликовни и литературни ученички творби, од кои 15 се прогласени за најдобри во различни категории. Учениците од основното образование имаа испратено вкупно 771 творба, од кои 130 литературни творби – песни од учениците од прво до петто одделение, 128 литературни творби – раскази од учениците од шесто до деветто одделение и вкупно 513 ликовни творби – цртежи од ученици од прво до деветто одделение од основното образование. Учениците од средното образование, пак, испратија вкупно 26 есеи. Комисиите за избор на најдобри творби, формирани од претставници на Народната банка и Министерството за финансии, заклучија дека едукативното значење на темата на творбите придонесло за натамошно продлабочување на знаењата кај младите. При изборот на трудовите за награда кај учениците од основното образование беа земени предвид главните карактеристики на оригиналноста во индивидуалниот пристап, духовитоста, техничката умешност, креативноста и чувствителноста. Кај есеите на учениците од средното образование, пак, најважни критериуми беа опфатот и толкувањето на темата, како и начинот на изразување и креативно пишување.

Во оваа прилика, гувернерката Ангеловска-Бежоска им се заблагодари на сите учесници и нагласи дека било многу тешко да се направи избор на само три најдобри творби во секоја категорија, поради големиот број квалитетни трудови. Народната банка продолжува со едукативните активности, имајќи го предвид значењето на финансиската едукација за целото населението.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на започнувањето на втората фаза од проектот со ИНФЕ-ОЕЦД и МФ на Холандија: Преку финансиска едукација до ползување на придобивките од финтек-секторот

Објавено

на

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, на покана на министерката за финансии на Холандија и ОЕЦД, учествуваше на настан посветен на финансиската едукација. Средбата истовремено го означи и почетокот на втората фаза на проектот финансиран од холандското министерство за финансии и ИНФЕ-ОЕЦД, насочен кон поддршка на финансиската писменост и инклузија во регионот на ЦЈЕ. Средбата ја отвори потпретседателката на Владата на Холандија и министерка за финансии, Сигрид Кааг, со обраќање кон присутните. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Митреска на настан на ЕБОР за младите претприемачи: Посилната вклученост на младите во бизнисот го зголемува потенцијалот на економијата

Објавено

на

„Народната банка особено ги цени, ги вреднува и ги поддржува иницијативите коишто ја поткрепуваат посилната вклученост на младите во целокупното општество. Спојувањето на финансиите и знаењето се важни за поттикнување на младите во бизнисот, искористувањето на нивниот потенцијал и потенцијалот на економијата во целина“,  истакна вицегувернерката на Народната банка, Aна Митреска на настан во организација на Европската банка за обнова и развој, на кој се презентираа наоди од процената на пазарот спроведена во рамките на програмата на ЕБОР „Младите во бизнисот“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Главната економистка на Народната банка: Финансиската писменост е потреба во современиот динамичен финансиски систем

Објавено

на

„Со активностите предвидени во рамките на Деновите на финансиската писменост, Народната банка дава натамошен придонес исполнувајќи ја потребата за финансиска едукација во современиот динамичен финансиски систем. Сведоци сме на разновидна понуда на финансиски услуги, под различни услови, преку различни канали. Дигиталните финансиски услуги носат многу предности за корисниците, но наметнуваат потреба од дополнителни знаења и нѐ соочуваат со нови предизвици и ризици. Неопходно е постојано надградување на знаењата, не само во врска со тоа како да се користат финансиските услуги, туку и како да се заштитат правата на граѓаните како потрошувачи. Како што се менува финансискиот систем, така расте потребата од нови знаења за соодветно управување со личните финансии“, истакна главниот економист на Народната банка, Анета Крстевска при гостување во програмата на Македонското радио. Говорејќи за одбележувањето на Деновите на финансиската писменост, за што Народната банка предвиде онлајн предавања во следните три дена, Крстевска посочи: „Подигнувањето на нивото на финансиската писменост е една од стратегиските цели на Народната банка. Во рамките на овие денови, Народната банка, како општествено одговорна институција, нуди можност за стекнување и подобрување на знаењата на населението од оваа област.“

Во интервјуто, главната економистка на Народната банка посочи дека заложбите за подобрување на финансиската писменост се и одговор на потребите на населението, коешто во нашата земја, во согласност со спроведената анкета, остварува 56% од максимумот при оценувањето на трите компоненти коишто се составен дел од финансиската писменост: финансиско знаење, финансиско однесување и финансиски ставови. Овој показател е блиску до просекот за ЈИЕ (58%), но понизок во однос на напредните економии на ОЕЦД од 66%. Податоците се резултат на спроведената анкета на Меѓународната мрежа за финансиска едукација ИНФЕ при ОЕЦД во 2019 година со која се изврши мерење на финансиската писменост на населението во нашата земја во рамките на регионалниот проект за финансиска едукација поддржан од Министерството за финансии на Холандија и ИНФЕ-ОЕЦД.

Деновите на финансиската писменост се одбележуваат по седми пат. Годинава се предвидени обуки за повеќе теми коишто опфаќаат знаења за монетарната политика, за избор на кредит, за новините на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, за структурата на финансискиот систем и движењата во банкарскиот систем. Презентациите се наменети за сите заинтересирани граѓани, слушатели со основно и со понапредно ниво на знаења. Оваа година се предвидени и две наменски предавања за средношколците, во пресрет на нивниот интерес за финансиска едукација, како дополнение на досегашната можност што ја имаат училиштата за поднесување барање за предавање. Учеството во обуките се обезбедува преку електронско пријавување на секое заинтересирано лице. Повеќе информации за предвидените обука може да најдете на следнава врска.

Продолжи со читање

Популарно