Connect with us

Криптовалути

Во моментов има 7.800 криптовалути, но колку ќе од нив ќе опстанат?

Објавено

на

Директорот на Електрокоин, Никола Шкориќ, детално објаснува што довело до експлозија на најпознатата криптовалута биткоинот, чијашто цена надмина 50 илјади долари.

„Пробивањето на границата од 50 илјади долари беше поттикната од веста дека американскиот производител на автомобили Тесла инвестира 1,5 милијарди долари во биткоини и дека нивните автомобили ќе можат да се купуваат со таа крипто валута. Но, ова е само еден во низата позитивни настани што ги туркаат криптовалутите кон мејнстримот”, пренесува Телеграм.

Шкориќ, веројатно еден од најдобрите познавачи на криптовалутите во Хрватска, вели дека одлуката на „Tesla” секако е одлична вест, но исто така и дека не е клучен момент во преминот од биткоин во мејнстрим.

„Тоа е само продолжение на силните процеси на афирмација на биткоинот како легитимна мејнстрим класа на инвестиции кои се во силна нагорна патека од 2020 година“, вели Шкориќ.

Имено, Шкориќ посочува дека минатата година многу земји подобро го регулираа пазарот на криптовалути, што овозможи формирање на лиценцирани инвестициски фондови.

„Ова широко им ја отвори вратата на институционалните инвеститори да инвестираат во криптовалути на начинот на кој се навикнати – преку финансиски инструменти наместо самите средства – криптовалути“, вели тој.

Тој смета дека најголемата вест во 2020 година беше влез на пензиски фондови, големи банки на Вол Стрит и други институционални инвеститори во светот на криптовалутите.

„Овие се најконзервативните инвеститори, така што нивната инвестиција во криптовалути испрати силен сигнал до сите други дека крипто-валутите станаа мејнстрим. Тоа започна невидено зголемување на цената на биткоинот, со можност за понатамошен раст“, објаснува Шкориќ.

Во прилог на ова оди и предвидувањето на „JP Morgan” дека биткоинот може да достигне цена од 146.000 американски долари.

Освен биткоинот, кој е најпознат, има и голем број други криптовалути, па се поставува прашањето дали има воопшто смисла и зошто некои криптовалути се попопуларни од другите.

„Тимот на “CoinMarketCap” вели дека има повеќе од 7.800 различни криптовалути во почетокот на 2021 година. Тоа е нов и погонски пазар и нормално е што многу луѓе сакаат да пробаат и да го земат својот дел од питата на ветувачкиот пазар на криптовалути. Но, се очекува да преживеат само околу 1% од криптовалутите. Исто како и во класичниот бизнис, криптовалутите кои решаваат вистински проблеми и нудат одржливи и лесни решенија за корисникот, ќе преживеат“, вели Шкориќ.

Тој исто така верува дека во моментот има голема смисла на голем број валути, бидејќи екосистемот сè уште се развива, расте и нуди различни решенија. Но, тој исто така вели дека е тешко однапред да се знае што ќе прифати пазарот и какви видови криптовалути ќе преживеат.

„Причините за популарноста на криптовалутите се слични на популарноста на класичните бизниси. Кога ги апстрахираме технолошките специфики на крипто-валутите, сето тоа се сведува на квалитетот на услугата, уникатноста и вредноста на понудата, довербата во заедницата и угледот“, објаснува тој.

Биткоинот има околу 60 проценти удел на пазарот

Криптовалутите се разликуваат во низа фактори, од технолошки претпоставки, брзина, начин на создавање, ширина на прифаќање и една од клучните разлики е целта. Додека некои крипто-валути служат како алтернатива на парите – други се развиени за да служат како платформи за развој на блокчеин технологии или имаат одредена цел во екосистемот на блокчејн.

Биткоинот е најстарата криптовалута и во моментов има најголем удел на пазарот од околу 60%. Неговата вредност е поврзана со големиот број места каде што се прифаќаат биткоините како средство за плаќање, ниските трошоци за пренос, високата безбедност, брзината на обработка на трансакциите и довербата во јавноста. Биткоинот беше развиен како децентрализирана алтернатива на парите, и во моментов е наведен како еден вид „дигитално злато“, односно средство за зачувување на вредноста.

Етериум е втора најпопуларна криптовалута со околу 14% удел на пазарот. За разлика од биткоинот, итерот не беше замислен како платежно средство или замена за класичните пари. Итер првично беше „гориво“, криптовалута која ја храни нејзината платформа Етериум, создадена со цел да обезбеди децентрализирана база за развој на технологии засновани на блокчејн, на пример – овозможувајќи склучување на таканаречени паметни договори. Големата вредност што ја нуди Етериум, довербата и интересот на инвеститорите создаде голема побарувачка, и поради комбинација на околности, тој стана конкуренција на биткоинот и во сферата на плаќања – иако тоа првично не беше планот.

Криптовалути

Бил Гејтс: Криптовалутите се измама за будали

Објавено

на

Американскиот милијардер Бил Гејтс не е фан на криптовалутите и NFT. Основачот на „Microsoft” на конференцијата „TechCrunch” изјави дека криптовалутите се една голема измама. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

ЦРН ДЕН ЗА КРИПТОВАЛУТИТЕ – Биткоинот на најниско ниво од декември 2020 година

Објавено

на

Биткоинот во текот на вчерашниот ден падна на најниско ниво дури од декември 2020 година, бидејќи падот на берзите продолжува крајно негативно да влијае и на криптовалутите, чие тргување ги следи таканаречените поризични средства, како што се акциите на технолошките компании. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Најголемата платформа за трговија со криптовалути BINANCE привремено ги запре исплатите во биткоини

Објавено

на

„BINANCE”, најголемата светска дигитална платформа за тргување со криптовалути, соопшти дека привремено ги прекинува плаќањата во биткоини поради, како што наведува, „застој во трансакциите”. (more…)

Продолжи со читање


Популарно