Connect with us

Анализи

Во Македонија регистрирани 8 компании кои нудат “брзи кредити”

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски денес во Собранието на Република Македонија ја доби поддршката од пратениците за ограничување на трошоците кои се однесуваат на таканаречените “брзи кредити”.

Со предлог законот, граѓаните се делумно заштитени бидејќи компаниите за брзи кредити нема да имаат можност да им наплатуваат енорни камати. Вкупните трошоци за брзите потрошувачки кредити се ограничуваат на 55% од износот на кредитот, а кои досега во одредени ситуации стигнуваа и до фантастични 500% од износот.

Во моментов се ограничени износите до 200 евра во денарска противвредност, кои досега не беа законски опфатени.

Ова следи по големата експанзија на компаниите кои во Македонија нудат брзи кредити. Иако се промовираат во јавноста како кредит без камата, всушност скриените трошоци и провизии ја прават каматата “неподнослива” за плаќање.

Во Република Македонија, моментално активни се 8 (осум) компании кои нудат ваков тип на кредити. Погледнете ги во продолжение компаниите, како и производите кои ги нудат на своите клиенти.

FORZA – Digital Finance

Оваа компанија нуди брзи кредити на износ од 3.000 до 12.000 денари со рок на враќање од 7 до 30 дена.

Tigo.mk – ТИГО ФАЈНАНС

Во понудата на оваа компанија имате можност да одберете помеѓу две опции:

– кредит во висина од максимум 20.000 денари со рок на враќање до 30 дена;

– кредит во висина од 20.001 до 60.000 денари со рок на враќање од 3 до 24 месеци.

mCash – ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје (М Кеш)

На веб страната може да се погледне класификација на клиентите на нов и постоечки.

Новите клиенти имаат можност да се задолжат на износ од 3.000 до 70.000 денари со рок на отплата од 3 до 12 месеци.

iuteCredit – ФД ИутеКредит Македонија ДООЕЛ

Оваа компанија на новите клиенти им нуди кредит од 3.000 до 30.000 денари со рок на отплата до 8 месеци, додека постоечките клиенти имаат можност да земат износ до 70.000 денари на 12 месеци.

kreddy.mk

Понудата се состои од кредити на износи од 10.000 до 100.000 денари со рок на отплата од 3 до 12 месеци.

Credissimo

Компанијата нуди кредит до плата со максимален износ од 20.000 денари и враќање до 30 дена. Дополнително, има можност и за повисоки износи до 80.000 денари со рок на отплата од 24 месеци.

Moneymax – Финансиско друштво МОНИМАКС ФИНАНСИСКО ДООЕЛ Охрид

Понудата се состои од кредит на износ од 3.000 до 60.000 денари со рок на отплата од 3 до 12 месеци.

С/Н Финансии

Компанијата нуди две опции:

– СН Мало кредитче од 3.000 до 12.000 денари.

– Брз кредит од 13.000 до 30.000 денари.

Анализи

МАКЕДОНИЈА е земја на фриленсери!

Објавено

на

Што се фриленсери? Наједноставна дефиниција на овој термин претставува луѓе кои работат независно, односно не се во постојан и редовен работен однос, немаат работно место, самостојно ги наоѓаат своите клиенти и можат да работат од било каде и било кога.  (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Што ја очекува еврозоната во иднина?

Објавено

на

Од март 2015 година, до сега Европската централна банка купи 2,6 илјади милијарди евра државни обврзници, што е околу 40% од БДП во еврозоната, во обид да им помогнат на европската економија да излезе од глобалната финансиска криза во 2008 година На почетокот, Европската централна банка ги поттикна земјите од еврозоната со 60 милијарди евра месечно за постепено намалување на износот до 15 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Во војната помеѓу банките и онлајн кредиторите, ќе победат податоците!

Објавено

на

Онлајн кредитори пристигнаа на сцена во совршено време за Силиконската долина. Излегувајќи од финансиската криза во 2008 година, банките – традиционалните заемодаватели – бавно го разбираа начинот на кој потрошувачите сакаа да пристапат до кредит и беа (разбирливо) неподготвени да преземат ризик. Наместо да се фокусираат на потребите и барањата на потрошувачите, банките беа фокусирани на други прашања: регулаторни предизвици, ограничувања на капиталот и основни технологии изградени во 1960-тите – ненамерно отворање на пар за пораст на интернет-заемодавците. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange