Connect with us

Домашни банки

Во Маврово во организација на Халкбанк, на 8 септември повторно ќе се одржи велосипедската трка Halk Velo Green

Објавено

на

Правецот Бистра – Леуново – Бистра во Маврово и годинава ќе биде рутата која ќе треба да се извози во рамките на хронометар велосипедската трка HALK VELO GREEN која веќе трета година по ред, на 8 септември ја организира Халкбанк АД Скопје како дел од платформата HalkEco. Сите вљубеници во велосипедизмот, професионалци и аматери, за учество можат да се пријават најдоцна до 29 август преку www.smartrace.club.

Учесниците во трката и годинава ќе се натпреваруваат во категориите ПРО, ХОБИ и ПРО Кидс и тоа во машка и во женска конкуренција, во зависност од степенот на подготвеност на секој натпреварувач. Категоријата ПРО во принцип е предвидена за сите оние кои се членови на клубови во Велосипедската федерација на Македонија (ВФМ), но и за оние кои се чувствуваат подготвени да се натпреваруваат со овие велосипедисти. Категоријата ХОБИ е наменета за велосипедистите кои рекреативно се занимаваат со овој спорт. И за двете категории рутата е во должина од 22 километри. Во ПРО Кидс ќе се натпреваруваат млади од 13 до 17 години и деца од 6 до 12 години. За првите три најдобри велосипедисти во сите категории Халкбанк ќе обезбеди вредни награди.

Настанот освен спортски ќе има и забавен карактер, а за убавата атмосфера ќе се погрижат водителот Викса и DJ Goce Saf. За анимирање на најмалите ќе бидат „задолжени“ Халки и Ефектива.

Велосипедската трка Halk Velo Green е во знакот на тенденцијата на Халкбанк да промовира здрави животни навики кај населението и да придонесува кон зачувување на животната средина, за што сведочи и апликацијата HalkEco (www.halkeco.mk) чиј главен поддржувач е MasterCard. Со апликацијата банката го охрабрува секој корисник да биде физички поактивен, еко свесен и да ја мотивира заедницата со своите секојдневни здрави навики. Со користењето на апликацијата при вршење на активност како трчање, пешачење или возење велосипед, корисникот добива HalkCoins и освојува различни нивоа кои му носат низа подароци и финансиски бенефиции, со крајна цел придонесување кон засадување нови зелени површини на локации во земјата каде е неопходно.

HalkEco веќе прерасна во платформа преку која Халкбанк реализира и поддржува низа проекти кои ја покажуваат грижата на банката за заедницата и посветеноста кон зачувување на природата. Токму затоа и собраните средства од котизациите за учество во трката и годинава повторно ќе се искористат за  хуманитарни и општествено корисни цели.

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нов дизајн и функционалности на S-банка мобилната апликација

Објавено

на

Новата верзија на S-банка со нов, модерен и интуитивен дизајн е веќе достапна за сите корисници на мобилно банкарство на Шпаркасе Банка. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка горда на резултатите на својот КБ тим на Скопскиот маратон

Објавено

на

Неуморноста и посветеноста дефинитивно се одлика на тимот на Комерцијална банка. Затоа и не изостанаа добрите резултати на маратонците од Банката на годинашниот Скопски маратон. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка се стекна со сертификат „Фер финансиски услуги за потрошувачите“

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје се стекна со сертификат за „Фер финансиски услуги за потрошувачите“, кој го доделува Организација на потрошувачи на Македонија (ОПМ). Овој сертификат претставува потврда за мисијата на Шпаркасе Банка, која во својот работен фокус ги има своите клиенти и нивното задоволство во сите области на делување. (more…)

Продолжи со читање

Популарно