Connect with us

Домашни банки

Во Маврово во организација на Халкбанк се одржа традиционалната велосипедска трка Halk Velo Green

Објавено

на

Во организација на Халкбанк АД Скопје вчера во Маврово се одржа трета по ред хронометар велосипедска трка Halk Velo Green, која е дел од активностите на банката насочени кон поттикнување здрави животни навики и заштита на природата, а се реализираат преку платформата HalkEco.

И годинава трката побуди голем интерес, а вљубениците во велосипедизмот, професионалци и оние кои го користат велосипедот рекреативно или како превозно средство се натпреваруваа во неколку категории – ПРО, ХОБИ и ПРО кидс.

Во категоријата ПРО, рутата Бистра-Леуново-Бистра долга 22 километри, во машка конкуренција најбрзо ја помина Димитар Јовановски, а во женска Елена Петрова. Второпласирани беа Виктор Ванчевски и Анета Антовска, а третото место го освоија Александар Милошевски и Андријана Атанасоска. Најдобрите во оваа категорија која е наменета за професионалци, членови на Велосипедската федерација, но и оние кои се чувствуваат подготвени да се натпреваруваат во оваа категорија, освоија награди во висина од 20.000, 15.000 и 10.000 денари кои ги обезбеди Халкбанк.

Во категоријата ХОБИ, кај жените најдобри беа Лидија Мано Илиев, Тамара Јурков Зефиќ и Емилија Пајковска, а меѓу мажите, Маријан Тасевски, Левент Рифат и Мартин Фотевски.

Наградите за најдобрите во оваа категорија изнесуваа 10.000, односно 5.000 и 3.000 денари.

Меѓу младите од 13 до 17 години најдобри беа Ева Здравева, Олса Орани и Миа Мацоска, во женска конкуренција и Немања Пауновски, Андреј Маџоски, Иван Илијевски во машка. Кај децата од 6 до 12 години најбрзи беа Андреј Здравев, Дамјан Безаноски, Симеон Јовановски во машка и Тија Кукунешоска, Бистра Груевска, Сара Пановска во женска конкуренција. За најдобрите млади и деца Халкбанк обезбеди штедни книшки со по 10.000, 5.000 и 3.000 денари.

Сите натпреварувачи со своето учество и годинава дадоа директен придонес за засадување нови дрвја. Средствата од претходните две Halk Velo Green трки се искористија за засадување над 15.000 садници во околината на Свети Николе.

Трката Halk Velo Green е дел од платформата HalkEco на Халкбанк чија цел е поттикнување здрави животни навики и заштита на природата. Во акциите кои се спроведуваат во рамките на оваа платформа Халкбанк досега во земјава има засаденo над 33.000 дрвја.

Домашни банки

НЛБ Банка прогласена за „Банка на годината за 2022“ од The Banker

Објавено

на

Реномираниот интернационален финансиски магазин, The Banker, по единаесетти пат ја прогласи НЛБ Банка за „Банка на годината за 2022“. Со ова признание НЛБ Банка уште еднаш ја потврди својата позиција на најнаградувана банка во РС Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нова докапитализација на ПроКредит Банка во вредност од 13 милиони евра

Објавено

на

Прокредит банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 13 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Црвен крст на Град Скопје организираше успешна крводарителска акција

Објавено

на

Во соработка со Црвен крст на Град Скопје на 28.11.2022 во просториите на административната зграда на Стопанска банка АД – Скопје организирана беше крводарителска акција на која учество зедоа 65 вработени од Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно