Анализи
Во која банка е најисплатливо да имате трансакциска сметка!?


Во текот на денешниот ден ги анализираме провизиите и надоместоците што ги наплатуваат домашните банки за месечно одржување на трансакциска сметка за физички лица.
Согласно податоците до кои дојдовме, повеќето банки наплатуваат речиси идентични провизии за месечно одржување на трансакциските сметки на клиентите – физички лица.
Доколку имате месечни приливи до 10.000,00 денари, најисплатливо е да имате трансакциска сметка во Силк Роуд Банка АД Скопје, бидејќи банката не наплатува месечна провизија за приливи до тој износ. Доколку, месечните приливи се повисоки од 10.000,00 денари, но не надминуваат 50.000,00 денари, тогаш Силк Роуд Банка наплатува месечна провизија во износ од 35,00 денари. За месечни приливи над 50.000,00 денари, банката наплатува месечна провизија во износ од 40,00 денари.
За разлика од некои други банки кои нудат поволност за најмладите (студентите) и највозрасните клиенти – пензионерите, Силк Роуд Банка не нуди дополнителна поволност во однос на месечниот надомест за одржување на трансакциска сметка.
Во Стопанска банка АД – Скопје е најисплатливо да имате трансакциска сметка, доколку имате минимален број на трансакции во месецот. Една банкарска трансакција во Стопанска банка АД – Скопје изнесува 2,00 денари, што значи дека доколку клиентот има максимум 10 трансакции во месецот, ќе му биде наплатена месечна провизија за одржување на трансакциската сметка во износ од 20,00 денари.
Доколку бројот на трансакции е поголем од 10, тогаш на клиентот ќе му се наплати месечна провизија во износ од 30,00 денари, износ кој го наплатуваат повеќето домашни банки.
За своите најмлади корисници, кои се дел од ТОПСИ пакетот за млади, Стопанска банка АД – Скопје не наплатува провизија за месечно одржување на трансакциската сметка. Исто како и за најмладите, така и за пензионерите, банката нуди одредена поволност. Пензионерите кои својата пензија ја примаат на трансакциска сметка во Стопанска банка АД – Скопје им се наплатува месечна провизија во износ од 15,00 денари, но доколку надминат над 10 трансакции, тогаш провизијата се зголемува на 25,00 денари.
Слично, како и Стопанска банка АД – Скопје, така и другите поголеми банки наплатуваат речиси идентични провизии за месечно одржување на трансакциските сметки, а нудат поволности и за студентите, но и за пензионерите.
Во Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје, провизијата за месечно одржување на трансакциски сметки е идентична, односно 30,00 денари за сите клиенти, 15,00 денари за пензионерите и без надомест за студентите и младите лица.
Шпаркасе Банка Македонија речиси идентично како и претходните две банки, наплатува месечна провизија од 30,00 денари за одржување на трансакциските сметки, а нуди поволност за најмладите клиенти кои се дел од Fansy Пакетот за млади, a нуди одредени поволности и за пензионерите.
Охридска банка АД Скопје слично како и кај претходните банки, наплатува месечна провизија од 30,00 денари за одржување на трансакциските сметки, а нуди поволност за највозрасните клиенти – пензионерите за кои месечното одржување на трансакциските сметки изнесува 20,00 денари. За студентите нуди можност КУЛ пакет за млади лица во кој добиваат трансакциска сметка, дебитна картичка, мобилно банкарство, СМС известување и две бесплатни повлекувања на готовина на банкомати од други банки во земјата за месечен надомест од 80 денари.
Халкбанк АД Скопје и УНИБанка АД Скопје наплатуваат месечна провизија од 30,00 денари за одржување на трансакциските сметки, а ниту двете банки не нудат дополнителна поволност за пензионерите од аспект на провизијата за месечно одржување на трансакциска сметка, освен што нудат можност за нивните клиенти пензионери својата пензија да ја добијат на 1-ви во месецот.
Халкбанк АД Скопје за најмладите нуди студентски пакет со кој студентите на возраст од 18 до 24 години добиваат бесплатно одржување на трансакциската сметка, бесплатно електронско банкарство, бесплатна мобилна апликација и бесплатна Visa PayWave дебитна картичка.
ТТК Банка АД Скопје за разлика од повеќето домашни банки, наплатува месечна провизија од 29,00 денари за одржување на трансакциските сметки за сите клиенти, без дополнителна поволност за студентите и пензионерите.
Банка | Надомест за водење на трансакциска сметка со промет во текот на месецот | Студенти и малолетни лица | Пензионери | Трансакциски сметки без финансиска трансакција во месецот |
Стопанска банка АД-Скопје | 20,00 ден / 30,00 ден | без надомест | 15,00 ден / 25,00 ден | без надомест |
Комерцијална банка АД Скопје | 30,00 ден | без надомест | 15,00 ден | без надомест |
НЛБ Банка АД Скопје | 30,00 ден | без надомест | 15,00 ден | без надомест |
Халкбанк АД Скопје | 30,00 ден | без надомест | 30,00 ден | без надомест |
УНИБанка АД Скопје | 30,00 ден | 30,00 ден | 30,00 ден | без надомест |
Охридска банка АД Скопје | 30,00 ден | 30,00 ден | 20,00 ден | без надомест |
ТТК Банка АД Скопје | 29,00 ден | 29,00 ден | 29,00 ден | без надомест |
Шпаркасе банка Македонија | 30,00 ден | без надомест | 30,00 ден | без надомест |
Централна Кооперативна Банка | 40,00 ден / 50,00 ден | 40,00 ден | 40,00 ден / 50,00 ден | без надомест |
Стопанска банка а.д. Битола | 35,00 ден | 35,00 ден | 35,00 ден | без надомест |
Силк Роуд Банка АД Скопје | 0 / 35,00 ден / 40,00 ден | 0 / 35,00 ден / 40,00 ден | 0 / 35,00 ден / 40,00 ден | без надомест |
Капитал Банка АД Скопје | 30,00 ден | 30,00 ден | без надомест | |
ПроКредит Банка | 300,00 ден | без надомест | 300,00 ден | без надомест |
Најскапи банки за месечно одржување на трансакциска сметка се Централна кооперативна банка и ПроКредит банка.
Во Централна кооперативна банка за приливи до 100.000,00 денари се наплатува месечна провизија во износ од 40,00 денари. За месечни приливи над 100.000,00 денари, банката наплатува месечна провизија во износ од 50,00 денари. Оваа банка не нуди дополнителна поволност од аспект на провизијата за месечно одржување на трансакциска сметка за студентите и пензионерите.
Во ПроКредит Банка нема поединечна услуга за месечното одржување на трансакциска сметка. Доколку сакате да отворите сметка во ПроКредит Банка, од банката го нудат Сетот на банкарски услуги во кој освен одржувањето на денарски и девизни трансакциски сметки, на клиентот му се доделува бесплатна дебитна картичка, СМС нотификации, електронско и мобилно банкарство, како и неограничени бесплатни денарски плаќања во земјата преку е-банкарство. Месечната провизија за користење на Сетот на банкарски услуги од ПроКредит банка е 300,00 денари и драстично отскокнува од надоместоците кај останатите банки.
Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк
Анализи
„Finance Think”: Сивата економија во 2020 година намалена во однос на 2006 година


Сивата економија во 2020 година е намалена во однос на 2006 година, а најголемите намалувања се случиле за време на финансиската криза во 2009 година и по воведувањето на минималната плата во 2012 година, покажува најновото истражување направено од Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think”. (more…)
Анализи
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?


Македонскиот приватен сектор полека, но сигурно се опорави од пандемијата на Covid-19 вирусот, а доказ за тоа е зголемената профитабилност на компаниите за претходната 2021 година. Македонските компании ја зголемиле добивката за 22,64 проценти во однос на истиот период од претходната година. (more…)
Анализи
АНАЛИЗА: Паѓаат каматите за депозитите и за кредитите – зголемена внимателност од нови задолжувања!


Банкарската 2022 година започна со пад на каматите и за депозитите и за кредитите. Каматите за штедење остануват под 1%. Во првите два месеци од оваа година на месечно ниво депозитите се намалиле додека кај кредитирањето има раст од 0,9% во февруари, пишува „Порталб”. Податоците покажуваат дека граѓаните и фирмите се задолжуваат со зголемена внимателност – потврда и од банкарите дека во првиот квартал од годинава очекуваат намалување на побарувачката за кредити од страна на фирмите. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје