Странски банки
Во година со корона пандемија, Ерсте Групацијата оствари нето добивка од 783 милиони евра


Ерсте Групацијата, водечки кредитодавател во централна и источна Европа, ја заврши 2020 година која ја обележа и коронавирусот со добар оперативен резултат од 2,9 милијарди евра (-1,3% во однос на претходната година). Оваа Групација, чии акции се истакнати на берза, издвои резервации за ризик во вредност од 1,3 милијарди евра за потенцијални загуби во иднина поради намален платежен капацитет предизвикан од пандемијата. Како последица на оваа мерка, нето приходот забележа пад од 46,7% на 783 милиони евра. Кредитите на клиентите од друга страна, забележаа раст од 3,6% на 166,1 милијарди евра, а вкупните депозити на клиентите забележаа пораст од 9,9% на 191,1 милијарди евра.
Финансискиот директор (CFO) на Ерсте Групацијата, Стефан Дерфлер вели: „Постигнавме добри резултати на сите свои пазари во година која пред нас постави неверојатни предизвици. Нашите оперативни резултати останаа стабилни, а нашата пазарна капитализација и понатаму е одлична. Сакаме нашите акционери да учествуваат во тие резултати и поради тоа ќе предложиме согласно препораките на ЕЦБ да се подели дивиденда од 50 центи по акција за 2020 година, а дополнително ќе резервираме и по едно евро за акција за потенцијална идна исплата на дивиденда.”
ДОБИВКАТА ВО БЛАГ ПАД
Нето приходите од камати пораснаа воглавно во Австрија, но и во Романија и Унгарија за 0,6% во однос на претходната година, на 4,8 милијарди евра. Нето приходот од камати во Чешка забележа значителен пад заради намалувањето на каматните стапки. Нето приходите од надоместоци и провизии опадна за 1,2% на 1,98 милијарди евра. Зголемениот приход од тргувања со хартии од вредност и управување со активата делумно го наомести намалениот приход од останатите категории на надоместоци и провизии – во најголема мера кај услугите за платен промет. Вкупните приходи од нето резултатите на тргувањето и ставките за добивка/загуба од финансиските инструменти по фер вредности низ билансот на успех забележаа значителен пад од 32,1% на речиси 200 милиони евра. Оперативниот приход поради тоа забележа пад од 1,4% на 7,2 милијарди евра.
ТРОШОЦИТЕ ИСТО ТАКА ВО БЛАГ ПАД
Банката истовремено успеа да ги намали општите административни расходи за 1,5% на 4,2 милијарди евра. Расходите за вработени опаднаа за 0,6% на 2,5 милијади евра, како резултат на влијанието на позитивните курсни разлики и намалувањето на бројот на вработени. Ова намалување најмногу се должи на склучувањето на Договор за транспорт на готовина и административни услуги на трети лица во Романија. Останатите административни расходи се намалени за 3,8% на 1,2 милијарди евра. Уплатите во системот за осигурување на депозити кои се опфатени како други административни расходи забележаа пораст на 132 милиони евра.
Останатиот оперативен резултат се зголеми на -278 милиони евра. Расходите за годишни уплати во фондовите за реструктуирање на банките кои се вклучени во оваа ставка, пораснаа, особено во Австрија – на речиси 94 милиони евра. Падот на данокот за банкарско работење и финансиски трансакции на 118 милиони евра, најмногу се должи на укинувањето на данокот за банкарско работење во Романија.
Даноците на добивка се намалија на 343 милиони евра. Дел од нето добивката која припаѓа на малцинските удели опадна за 45% на 242,3 милиони евра поради значително намалени даноци на добивка на средните банки. Нето резултатот опадна за 46,7% на 783,1 милиони евра.
КРЕДИТИРАЊЕТО И ДЕПОЗИТИТЕ ВО ПОРАСТ
Билансната сума се зголемила за 12,9% на 277,4 милијарди евра. На страната на активата, готовината и готовинските салда пораснале (воглавно во Австрија) на 35,8 милијарди евра, што претставува пораст од 235,2%. Кредитите и побарувањата за одобрени кредити на јавни институции опаднале за 6,9% на 21,5 милијарди евра. Кредитите и побарувањата дадени на клиентите пораснале за 3,6% на 166,1 милијарди евра како резултат на посебно силниот раст на кредитната активност во Хрватска, Словачка, Австрија и Србија.
Странски банки
ЕЦБ: Не се очекува стагфлација во еврозоната


Европска централна банка (ЕЦБ) соопшти дека малку е веројатно да има стагфлација во еврозоната. (more…)
Странски банки
Дојче банк укинува готовина на шалтерите!?


Во повеќето филијали на германскиот банкарски гигант „Deutsche bank”, готовината веќе нема да биде достапна на шалтерите. (more…)
Странски банки
Светска банка предупредува дека економската криза може да се влоши


Светската банка во својот извештај „Глобални економски перспективи” отворено предупредува дека остриот економски пад ќе биде норма за многу земји, бидејќи проекциите за глобалниот економски раст се намалени. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје