Connect with us

Останато

Во Германија станува сè поевтино – намалувањето на данокот вроди со плод

Објавено

на

Потрошувачките цени во Германија во август се намалија на годишно ниво, првпат по повеќе од четири години, поради намалувањето на данокот, како една од мерките во рамките на владиниот стимулативен пакет за закрепнување на најголемата европска економија од последиците од пандемијата на коронавирусот.

Федералното биро за статистика „Дестатис“ објави дека усогласената стапка на инфлација, за споредливост со податоците за растот на потрошувачките цени во другите земји-членки на ЕУ, опаѓа за 0,1 процент годишно во август по стагнацијата во јули, пренесува „Reuters“.

„На падот на стапката на инфлација, меѓу другото, влијаеше и намалувањето на данокт (VAT), кое стапи на сила на 1 јули 2020 година“, се наведува во соопштението на „Дестатис“.

Во споредба со претходниот месец, германската инфлација се намали за 0,2 проценти во август, според усогласените податоци.
Целта на растот на инфлацијата на Европската централна банка е малку под два проценти за еврозоната, се вели во известувањето.

Останато

СИСТЕМОТ КОНЕЧНО АЖУРИРАН – Корисниците на МојДДВ може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки

Објавено

на

Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОДАТОК – Луѓето поминуваат по 4 до 5 часа во просек на ден на мобилните апликации!?

Објавено

на

Истражувачите на пазарот на мобилни апликации открија дека потрошувачите поминуваат се повеќе време со своите паметни телефони. Според истражувањето на „data.ai” (порано App Annie) во 13 земји, луѓето моментално посветуваат 4 до 5 часа од својот ден на мобилни апликации. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Поголем дел од светската популација ќе користи дигитални паричници до 2026 година

Објавено

на

Повеќе од пет милијарди луѓе ќе користат дигитални паричници до 2026 година. Водечки фактор во нивното ширење ќе бидат „супер-апликациите“ кои ќе го поттикнат нивното усвојување меѓу луѓето, особено во земјите во развој, според глобална студија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно