Останато
Во Бразил историски пад на БДП поради пандемијата на Ковид-19


Бразил објави дека има рекорден пад на бруто домашниот производ од 9,7 проценти во вториот квартал од оваа година поради пандемијата на Ковид-19, со што влегуваат во рецесија, иако програмата за масовна помош спречи поголема штета.
Ова се случи затоа што итните мерки за борба против пандемијата од коронавирус ја парализираа активноста во скоро сите сектори.
Големината на бразилската економија во вториот квартал се врати на нивото на кое беше во екот на светската финансиска криза во 2009 година.
Овие бројки објавени од Бирото за статистика (IBGE) се полоши од предвидувањата на аналитичарите во економскиот дневен весник „Валор“, кои предвиделе пад од 9,2 проценти во земјата со 212 милиони жители, втора по ред по бројот на починати во светот од Ковид-19, по САД.
Во споредба со вториот квартал од минатата година, најголемата латиноамериканска економија падна за 11,4 проценти, пренесува „Reuters“.
Бирото за статистика (IBGE) исто така, го ревидираше економскиот пад за периодот јануари-март на 2,5 проценти, во однос на претходната проценка од 1,5 проценти.
Што се однесува до поединечните компоненти на БДП, индустриското производство потонало за 12,3 проценти во вториот квартал, секторот услуги за 9,7 проценти, фиксни инвестиции за 15,4 проценти, потрошувачка на домаќинства за 12,5 проценти и државната потрошувачка за 8,8 проценти. Само земјоделството забележало зголемување во тој период за 0,4 проценти, додава IBGE.
Владата предвидува дека БДП ќе падне за 4,7 проценти на ниво на цела година, што би бил најголем годишен пад од 1900 година, кога биле евидентирани овие податоци.
Економистите во просек предвидуваат годишен пад од 5,3 проценти во неделното истражување на бразилската централна банка.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје