Connect with us

НБРМ

Во август продолжи падот на каматните стапки кај кредитите и депозитите

Објавено

на

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во август годинава изнесува 4,73 проценти и бележи месечен пад од 0,02% и годишен од 0,4 проценти, објави Народната банка во своето редовно месечно статистичко соопштение. Според обајвените податоци, каматите кај депозитите бележат пад од 0,06 процентни поени на месечно ниво и просечната каматна стапка изнесува 0,99 проценти. На годишно ниво, оваа каматна стапка е пониска за 0,39 процентни поени.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити овој месец изнесува 3,94 проценти и има месечно и годишно намалување од 0,04%, односно 0,67%. Просечната каматна стапка на новопримените  депозити забележа месечен пад од 0,15 процентни поени и се сведе на 0,54%. Споредено со истиот период од минатата година, таа е намалена за 0,56 процентни поени.

Кај корпоративниот сектор просечната каматна стапка на вкупните кредити во август изнесува 3,85% и на месечна основа има намалување за 0,04 процентни поени. Надолната промена се должи на падот кај сите компоненти на оваа каматна стапка: каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,05 процентни поени), каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 процентни поени) и каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,02 процентни поени). Во споредба со истиот период од претходната година, оваа каматна стапка е пониска за 0,53 процентни поени.

Во август годинава, каматната стапка на новоодобрените кредити на  корпоративниот сектор бележи месечен пад од 0,06 процентни поени и изнесува 3,58 проценти.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во август бележи намалување за 0,14 процентни поени на месечно ниво и изнесува 1,15%. Месечниот пад произлегува од намалувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,42 процентни поени) и каматните стапки на депозитите во денари без валутна клаузула (за 0,04 процентни поени), при непроменета каматна стапка на денарските депозити со валутна клаузула. Во споредба со август минатата година, оваа каматна стапка бележи пад од 0,43 процентни поени.

Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор во август изнесува 0,41% и оствари месечно намалување од 0,16 процентни поени, во споредба со јули.

Кај домаќинствата каматната стапка на вкупните кредити, во август забележа месечен пад од 0,01 процентни поени и изнесува 5,55%. Надолната промена е како резултат на пониските каматни стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,02 процентни поени) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 процентни поени), во услови на непроменета каматна стапка на денарските кредити без валутна клаузула. На годишна основа, кај оваа каматна стапка е остварен пад од 0,29 п.п.

Во август, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 4,37%, што претставува месечно намалување од 0,11 процентни поени. Месечната промена се должи на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,11 процентни поени) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,09 процентни поени), при непроменета каматна стапка на денарските кредити без валутна клаузула. На годишно ниво, просечната каматна стапка на новоодoбрените кредити на домаќинствата забележа намалување за 0,85 процентни поени.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата во август има месечен пад од 0,05 процентни поени и изнесува 0,98%. Просечната каматна стапка на новопримените депозити на домаќинствата изнесува 0,66% и во споредба со јули годинава забележа пад од 0,13 процентни поени. Просечната каматна стапка на новопримените депозити на домаќинствата е пониска за 0,57 процентни поени, споредено на годишна основа.

НБРМ

ММФ објави Извештај за аранжманот ПЛЛ – високи оцени за монетарната политика, финансискиот сектор и банкарската супервизија

Објавено

на

Во најновиот извештај на ММФ во врска со одобрувањето средства од Инструментот за претпазливост и ликвидност објавен на 28.11.2022 година се наведува дека Народната  банка постојано води соодветни политики и соодветно реагира на различни шокови, одржувајќи ја успешно стабилноста и бранејќи го девизниот курс на денарот. Во однос на финансиската стабилност, банкарскиот систем е добро капитализиран и отпорен на шокови. За ова, како што се наведува во Извештајот, придонесува и ефективната супервизија, којашто работи по високи меѓународни стандарди, има силна правна и регулативна рамка и соодветни оперативни практики. При спроведувањето на своите функции, Народната банка применува силни стандарди за одговорно работење и висок степен на транспарентност во работењето. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Советот на Народната банка ја донесе Програмата за работа за 2023 година, со којашто се предвидуваат програмските активности преку кои ќе се придонесе за остварување на стратегиските цели на Народната банка

Објавено

на

Советот на Народната банка ја донесе Програмата за работа за 2023 година, во којашто се предвидени активности и нови проекти, а во функција на понатамошно успешно исполнување на поставените стратегиски цели. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во Народната банка беа доделени наградите од Конкурсот за ученици од основното и средното образование посветен на Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври

Објавено

на

Народната банка и Министерството за финансии денеска во Музејот на Народната банка ги доделија наградите освоени од учениците во рамките на Конкурсот за избор на најдобри ликовни и литературни творби по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври. На традиционалниот настан којшто годинава се одржува по десетти пат, пред присутните се обратија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Популарно