Лични финансии
Ворен Бафет советува како да се збогатите


Уште во 1999 година, Ворен Бафет беше прашан од луѓето како да се збогатат и да станат богати колку што е тој, а тогашните негови совети сеуште можат да се применат, пишува „CNBC“.
Имено, ако сакате еден ден да бидете богати како Ворен Бафет, не двоумете се, започнете што е можно поскоро да инвестирате.
Тоа е советот што овој инвестициски титан го даде во 1999 година на годишното собрание на акционери кога го прашаа како заработил 30 милијарди долари, колку што вредело неговото богатство во тоа време.
Потоа, тогашниот 68-годишен Бафет, чие богатство оттогаш порасна на над 100 милијарди, рече дека сложената камата (каматата на камата) е најдобриот пријател на инвеститорот и го спореди стекнувањето на богатство преку камата со тркалањето снежна топка по падина.
„Започнете рано“, советуваше Бафет. „Почнав со мала грутка на врвот на многу долг спуст. Ќе имате прилично “долг спуст” ако започнете многу млади или ако живеете до длабока старост“, рече во тоа време инвестицискиот магнат.
Пророкот Омаха рече дека ако дипломира на факултет во 1999 година и има 10.000 долари за инвестирање, стратешки ќе открие каде ќе ги инвестира парите.
„Веројатно би се фокусирал на помалите компании затоа што би работел со помали суми и во таа арена има поголеми шанси другите да занемарат нешто“, објасни тогаш Бафет, велејќи дека ќе почне да ги разгледува компаниите по азбучен ред, пишува „CNBC“.
Домашни банки
НЛБ Банка и Кроација осигурување – Живот во сабота на Школка ќе го одбележат месецот на финансиско советување


Кроација осигурување – Живот во соработка со НЛБ Банка АД Скопје во изминатиот месец го организираа „Караванот за финансиско советување за небанкарски продукти“. Преку настанот што ќе се одржи во сабота, на 4-ти јуни, на Школка во Градски парк Скопје, компаниите ќе го заокружат месецот на финансиско советување. (more…)
Лични финансии
ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ: Ковани пари во оптек


Македонскиот денар (МКД) е национална валута на Република Македонија пуштена во оптек на 27 април 1992 година. Централната банка на државата – Народната банка на Република Македонија – е единствената институција којашто го издава денарот. (more…)
Лични финансии
ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ: ШТО СЕ ПАРИТЕ И КАКО НАСТАНАЛЕ?


Од најраните времиња парите се препознаени како стока употребувана како средство за размена или плаќање на сите видови стоки и услуги. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје