Connect with us

Останато

Ворен Бафет купува уште една компанија за 17,5 милијарди долари

Објавено

на

Американскиот холдинг „Berkshire Hathaway Inc“ сопственост на милијардерот Ворен Бафет, е блиску до договор за купување на енергетската компанија „Oncor Electric Delivery Company LLC“ за над 17,5 милијарди долари, соопшти  „The Wall Street Journal“.

Зделката треба да биде одобрена од страна на регулаторните органи во Тексас кои ги одбија претходните предлози за купување на „Oncor“.

 

До овој момент Бафет оствари загуби од 873 милиони долари од вложувањата во обврзници на компанијата мајка на „Oncor“ – „Energy Future Holdings“. Токму „Oncor“ е дел во импреријата на „Energy Future Holdings“, која е една од најголемите банкротирани компании во историјата.

 

Според извори на „The Wall Street Journal“, договорот може да биде прогласен уште денес, а се очекува тој да изнесува 17,5 милијарди долари. Со својата енергетска мрежа, „Oncor“ испорачува струја на над 10 милиони корисници во Тексас.

 

Ова ќе е третото најголемо стекнување на „Berkshire Hathaway“. На челото на трансакциите се „Precision Castparts“ и „Burlington Northern Santa Fe“, односно производство на челични делови за воената индустрија и вселенскиот сектор и железничка компанија купени за 37 и 27 милијарди долари.

 

Предводен од 86-годишниот Бафет холдингот „Berkshire Hathaway“ стана со годините конгломерат од околу 80 компании. Тие работат во области како осигурување, инвестиции, производство и трговија со мебел, накит, облека и намирници.

 

 

 

Останато

Лагард: Да се регулира тргувањето со биткоинот поради перење пари

Објавено

на

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, повика на глобално регулирање на трговијата со биткоин, наведувајќи дека оваа дигитална валута во некои случаи се користи за активности за перење пари и дека е потребно да се затворат сите „дупки“ во регулативата, пренесува „Reuters“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот повторно достигна вредност од близу 40.000 американски долари

Објавено

на

Вредноста на биткоинот повторно се искачи на близу 40 илјади американски долари. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева ги повика владите во светот да трошат што е можно повеќе

Објавено

на

Креаторите на политики ширум светот треба желно да прифаќаат зголемување на трошоците за да помогнат во заживување на нивните погодени економии, изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Гергиева на годишниот руски економски форум „Гајдар”. (more…)

Продолжи со читање

Популарно