Connect with us

Останато

Ворен Бафет донирал 3,4 милијарди долари

Објавено

на

Милијардерот дел од своите акции ги подари на Фондација Бил и Мелинда Гејтс, како и на четири фондации поврзни со фамилијата Бафет под раководство на членови од неговото семејство.

Една од организациите, што се фокусира на образование, е именувана по неговата покојна жена Сузан, додека останатите ги управуваат неговите два сина и ќерката. Заклучно со вчерашната донација од 3,4 милијарди долари, досега инвеститорот има донирано 31 милијарда долари во добротворни цели.

Уште во 2006 година Бафет најави дека сите свои акции од компанијата Berkshire Hathaway ќе бидат донирани постепено.

Бафет моментално вреди 82 милијарди долари и е третиот најбогат човек во светот, веднаш зад Бил Гејтс и Џеф Безос.

Останато

Бизнисот со топлинска енергија оди во домашни раце – Адора инженеринг на јавна лицитација за 9,3 милиони евра го купи имотот на Топлификација АД во стечај

Објавено

на

Адора инженеринг по пат на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра, ги купи Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај. Со оваа купопродажба успешно се завршува стечајната постапка на ова претпријатие и се отвара ново светло, поглавје во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, кој што е од државно значење, односно директно влијае врз екологијата и целокупниот комфор на живеење на граѓаните во главниот град Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на Тиго Фајнанс, Филип Димитровски, прогласен за еден 40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години во Југоисточна Европа

Објавено

на

Престижната меѓународна агенција „Business Elite Awards“, на специјална гала свеченост организирана во Истанбул, Турција, му го додели значајното „40 Under 40“ признание за бизнис лидер под 40 години на Филип Димитровски, извршен директор на финансиското друштво Тиго Фајнанс. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во соработка со ИНФЕ-ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија се засилуваат активностите за спроведување на националната Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија

Објавено

на

Спроведувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија засилено напредува. Оттука, вчера и денес, финансиските регулатори од земјава предводени од Народната банка во рамките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, заедно со Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој (ИНФЕ-ОЕЦД) во соработка со Министерството за финансии на Холандија, организираат работилница, во рамките на програмата на Конституенцата и програмата „Манивајс“ (Money Wise). (more…)

Продолжи со читање



Популарно