Connect with us

Платежни картички

Вообичаени грешки кои се прават при користење на кредитни картички

Објавено

на

Првиот напор за повеќето луѓе кои имаат можност да користат кредитни картички е да ги отворат и искористат што е можно поскоро. За жал, многу од нив се млади, без искуство во планирањето на нивните финансии и управувањето со нивните пари.

Тоа може да доведе до голем број на проблеми, а честопати резултира со лоша финансиска состојба за корисниците. Сепак, отворањето кредитна картичка не мора да биде катастрофално само ако знаете како да ја користите правилно.

Во продолжение нагласивме пет вообичаени грешки што се прават при користење на кредитни картички и кои треба да ги избегнеме.

1. Доцнење со уплата

При подигнувањето на кредитната картичка, банкарскиот службеник ќе ви го каже точниот датум кога ќе ви достасаат обврските. Никогаш не треба да го заборавате тој датум. Повеќето кредитни картички ќе ви овозможат грејс период од неколку дена, најчесто 30 или 45 дена, меѓутоа, кога истекуваат тие триесет или четириесет и пет дена, ќе бидете пријавени во кредитното биро како должник кој дони со уплата и тоа ќе влијае на вашиот кредитен рејтинг.

Доколку датумот на доспевање на обврските се паѓа во незгодно време од месецот, можете да ја повикате вашата банка и да се обидете да го промените тој датум во некој друг што е во согласност со вашите можности.

2. Минимална уплата

Секој месец има одредена минимален износ што е потребно да се плати. Сепак, во ваш најдобар интерес е да платите повеќе од минималната рата.

Минималната уплата на рата само осигурува дека месечните плаќања се плаќаат правилно. Но, доколку го плаќате само минималниот износ, тогаш ќе платите многу повисока камата на банката. Плаќањето повеќе од минимумот секој месец значително ќе го скрати времето за отплата на долговите, а истовремено ќе платите и значително помала камата. Во ваш интерес е да плаќате повеќе од минималниот износ кој е предвиден.

3. Зголемување на лимитот на картичката

Ова значи дека сте презадолжени и дека не сте способни да ги исполните вашите обврски навреме. Повеќето корисници на кредитни картички нерационално трошат и со тоа создаваат долгови што не можат да ги исплатат. Водење евиденција за долговите ќе ви помогне да избегнете да плаќате повеќе рати во истиот месец.

Повеќето традиционални кредитни картички нудат дополнителни пари, односно зголемување на лимитот. Но, се што треба да знаете е дека ова треба да биде вашата последна опција. Зголемувањето на лимитот и дополнителното задолжување само ќе го зголеми вашиот долг.

Подигнување на дополнителна готовина однапред значи еден голем чекор наназад којшто значително ќе го продолжи рокот и ќе ја отежни исплатата на долговите по основ на кредитната картичка.

4. Избегнување на плаќање

Ако сте се задолжиле премногу и не можете да ги платите трошоците или знаете дека ќе доцните еден месец, известете ја вашата банка. Всушност, треба да одите во банката… сериозно. Банкарскиот службеник со сигурност може да ви помогне да најдете најдобро решение за вашата ситуација.

Но, во никој случај немојте да избегнувате да ги плаќате вашите доспеани рати, а и кога навистина не сте во можност да го направите тоа, тогаш задолжително известете ги вашите банкари и замолете ги да ви го пролонгираат рокот за плаќање.

5. Затворете ја старата картичка

Можеби ја отворивте вашата прва кредитна картичка на 18 години, а сега имате 28 години и имате подобар кредитен рејтинг. Можеби не ја користите често оваа кредитна картичка и сте одлучиле да ја затворите. Но, тоа може да биде погрешно ако вашата стара кредитна картичка има подобри услови и пониски трошоци од новата која сте ја извадиле.

Кредитните картички честопати се нашиот прв допир со еден вид на кредит, односно кредитните картички најчесто се нашето прво кредитно задолжување. Важно е да знаете како најдобро да ги користите, бидејќи вашето однесување може во голема мера да влијае на вашата финансиска иднина. Користете ги вашите кредитни картички мудро и тоа може да ви помогне да ги исполните вашите финансиски цели.

Платежни картички

Мастеркард го отвора првиот европски центар за компјутерска безбедност

Објавено

на

„MasterCard” го отвора својот прв Европски центар за компјутерска безбедност, соработувајќи со регулаторите и креаторите на политики, за подобрување на размената на разузнавачки информации и борбата против заканите за платниот екосистем во регионот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Охридска банка доби сертификат за работење по највисоки меѓународни стандарди во платежната индустрија

Објавено

на

Охридска банка АД Скопје се стекна со сертификат за PCI DSS стандардот (Payment Card Industry Data Security Standard)  и ја потврди усогласеноста во работењето по највисоките меѓународни сигурносни стандарди во платежната индустрија. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Бизнис бар: На што да внимавате пред да ги испринтате вашите бизнис картички

Објавено

на

Дигиталните медиуми го зазедоа светот на маркетингот, но сепак некои од традиционалните начини на маркетинг, како давање бизнис картички, никогаш нема да излезат од мода. Тие се професионален детал за вашиот целосен впечаток што може многу позитивно да влијае врз потенцијалните соработници и потрошувачи. (more…)

Продолжи со читање

Популарно