Connect with us

Анализи

Волстрит повторно ќе падне!

Објавено

на

Вчерашниот ден, 27.06. беше пеколен за многу компании на Волстрит. Акциите на многу од компаниите доживеаа падови, а најмногу се одрази на технолошките компании во просек за 1.5%.

Ваквите падови се должат на напнатоста во трговските односи меѓу Вашингтон и Пекинг по новите пораки од Белата куќа за ограничување на инвестициите во кинески компании во американскиот технолошки сектор.

Sow Jones падна за 165 бодови или 0,68% на 24.117 бодови, а S&P 500 падна за 0,86% на 2.699 бодови, додека индексот Nasdaq изгуби 1,54% и падна на 7.445 бодови.

Претседателот на САД Доналд Трамп се заканува со нов бран царини ако Кина не направи поголеми отстапки, но Пекинг не попушта ои најавува противмерки со ист интензитет.

Трговските тензии дополнително растат и со влошувањето на односите меѓу САД и ЕУ која од петокот наплаќа царини од 25% на увоз на американски производи. Ваквата постапка на ЕУ е одговор на одлуката на Вашингтон да воведе царини на увозот на челик и алуминиум.

 

Анализи

Мобилниот паричник од иднината пристигна во секојдневието

Објавено

на

Патувањето низ времето сѐ уште не е измислено, но тоа што многумина од нас го гледаа во класичните Sci-Fi филмови во детството, полека станува реалност во секојдневието. Кога станува збор за плаќањето, иднината пристигна и ние веќе живееме во реалност во која имаме виртуелен паричник. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Половина од светското население живее со помалку од 5,5 долари на ден

Објавено

на

„Светскиот економски напредок овозможи намалување на бројот на луѓе кои живеат во крајна сиромаштија, но речиси половина од жителите на планетата, или 3,4 милијарди луѓе и понатаму тешко ги задоволуваат своите елементарни потреби“ стои во соопштението на Светска Банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

ДАНОЧЕН СИСТЕМ: Ако ги снема богатите, ќе патат сиромашните!

Објавено

на

Една малку подолга “приказна” која што се однесува на прогресивниот данок. Доколку имате 2-3 минути добро би било да ја прочитате… (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange