Connect with us

Останато

Волстрит: Берзанските индекси во пад четврти ден по ред

Објавено

на

На Волстрит, берзанските индекси паднаа четврти ден по ред во четвртокот, бидејќи инвеститорите стравуваат од агресивно зголемување на каматните стапки на ФЕД и бидејќи две големи банки објавија послаба заработка од очекуваното.

„Dow Jones” загуби 142 индексни поени, или 0,46 проценти, на 30.630 поени, а „S&P 500″ загуби 0,30 проценти, на 3.790 поени. Индексот „Nasdaq” зајакна, пак, за 0,03 проценти, на 11.251 поен.

Индексите беа длабоко во „црвено“ за време на тргувањето, бидејќи инвеститорите се уште се под впечаток на податоците дека инфлацијата во САД во јуни достигна 9,1 отсто, што е ново највисоко ниво од 1981 година.

Поради оваа причина, се очекува дека американската централна банка ќе ги зголеми основните каматни стапки за агресивни 0,75 процентни поени во јули, втор месец по ред.

Некои дури шпекулираат дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки за цел процентен поен. Поради ова, економскиот раст забавува, а единственото прашање е дали ФЕД ќе успее „меко“ да ја придвижи економијата или да ја турне во рецесија.

„Ќе има рецесија, но блага. Клучна компонента останува силниот пазар на труд. Со висока вработеност, рецесијата не е толку непосредна закана”, вели Оливер Пурше, потпретседател на „Wealthspire Advisors”.

Инвеститорите беа разочарани и од кварталните деловни резултати на двете големи банки, „JPMorgan Chase” и „Morgan Stanley”, кои беа послаби од очекуваното. И двете големи американски банки пријавија значаен пад на профитот, но исто така предупредија и на драстично забавување на економскиот раст.

Како резултат на тоа, цената на акцијата на „JPMorgan Chase” се намали за 3,5 проценти, додека пак на „Morgan Stanley” падна за 0,4 проценти, а индексот на банкарскиот сектор „S&P500″ загуби 2,4 проценти. Сепак, добивките на технолошките акции ги компензираа загубите во индексот „S&P500″ пред крајот на тргувањето, додека „Nasdaq” дури имаше и позитивен тренд.

Во наредните денови фокусот на инвеститорите ќе биде ставен на кварталните резултати од работењето на компаниите. Првичните објавени резултати не импресионираа, па оттука и резултираше со пад на индексите.

Во анкетата на „Reuters”, аналитичарите сега проценуваат дека компаниите од индексот „S&P500″ во вториот квартал оствариле зголемување на заработката од 5,1 проценти во споредба со истиот период минатата година, додека во средината на неделата очекувале зголемување од 5,7%.

Цените на акциите паднаа и на европските берзи. Лондонски „FTSE” индекс се намали за 1,63%, на 7.039 поени, додека франкфуртски „DAX” се намали за 1,86 процнети, на 12.519 поени, а париски „CAC” падна за 1,41%, на 5.915 поени.

Останато

Пензионерите добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти

Објавено

на

Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Годишната стапка на инфлација во Белгија 11,27 проценти, највисоко ниво во последните 50 години

Објавено

на

Годишната стапка на инфлација во Белгија се искачи на 11,27 проценти во септември, што е највисоко ниво во последните 50 години, покажуваат официјалните податоци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ: Владата обезбеди 250 милиони евра со поволни услови преку германски хартии од вредност

Објавено

на

Владата донесе одлука за издавање хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како „Namensschuldverschreibungen”, односно NSV, во износ од 250 милиони евра. Како што соопшти Министерството за финансии (МФ), средствата ќе се искористат за отплата на стари долгови кои доспеваат и за финансирање на буџетски потреби. (more…)

Продолжи со читање

Популарно