Connect with us

Останато

Водењето на финансиите и не е така комплицирано

Објавено

на

Во денешното, дигитално време скоро сите процеси од деловното работење на компаниите се автоматизираат. Трансформацијата кон автоматизираното работење не е едноставно, но е неопходно. Сметководството и финансиите не се исклучок од ова правило.

Доколку сеуште ги водите своите финансии рачно, сега е вистинското време за промена. Светот се менува благодарение на технологијата или познатите Software-as-a-service (SaaS) софтверски решенија. За да бидете ефективни во своето работење и да можете да се фокусирате повеќе на растот на компанијата, потребно е да умеете да се адаптирате на промените.

Можете да закупите готов софтвер. Конкуренцијата во ИТ индустријата, особено во делот за развој на бизнис решенија секојдневно расте. Со појавата на многу компании кои произведуваат вакви софтвери, може да имате софистицирано решение кое нема да чини многу пари.

Потребата од користење на софтверско решение за водење на финансиите е особено изразенa кај помалите компании. Овој тип на компании не можат да си дозволот да немаат висока контрола врз финансиското работење. Затоа, ваквите решенија им помагаат.

Дигитализацијата започна уште во 80тите години на минатиот век. Во тоа време, софтверите олеснуваа многу малку во секојдневното работење, па затоа и само големите компании можеа да си ги дозволат. Тие беа Desktop базирани решенија, односно можевте да пристапите до софтверот само од статичниот компјутер на работното место. Подоцна се појавија web базираните решенија, а денес можеме да зборуваме и за Cloud базирани софтверски решенија. Секако, изборот во денешно е дали ќе користите web или cloud решение. Во светски рамки, 61% од корисниците на финансиски софтверски решение користат cloud базирани, од кои 18% имаат приватен Cloud. Меѓутоа, дури 30% од вкупните корисници користат комбинација од Cloud и In-house (нивни, сопствени, изработени според специфичните потреби на компанијата) решенија.

При изборот на соодветно решение, бизнисите мора да внимаат на следните неколку работи:

  • Да изберете ИТ компанија која е докажана на пазарот и која ви нуди сигурност, бидејќи менувањето од едно на решение кон друго и не е така едноставна работа, особено ако зборуваме за Cloud базирано решение. Идеално би било, да го погледнете порфолиото на ИТ компанијата и да се осигурате дека постои минимум 5 години.
  • Да се осигурате дека решението ги следи сите законски регулативи (ако е сметководствено решение мора да ги има запазено и сите сметководствени стандарди).
  • Мора да се осигурате дека сите подобрување кои ИТ компанијата ќе ги направи, вие ќе бидете известени пред да се случи подобрувањето и ќе побараат согласност од вас.
  • Мора вие да ја поседувате базата со податоци, односно доколку решите да ја смените ИТ компанијата, ниту еден податок нема да остане кај нив.
  • Бидете сигурни дека решението може да се приспоси на начин што ќе ги поддржи сите ваши процеси и потреби.
  • Проверете дали може други решенија да се поврзат со тоа од ИТ компанијата (пр. софтверот за набавка да е директно поврзан со софтверот за финансиско работење).

 

 

Останато

Alibaba ја отвори својата прва платформа за е-трговија во Европа

Објавено

на

Кинескиот интернет гигант „Alibaba“ ја отвора првата Светската платформа за електронска трговија (eWTP) во Европа, соопштија светските агенции, повикувајќи се на кинеската новинска агенција „Ксинхуа“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Форум: прогресивниот данок лошо ќе влијае врз туризмот

Објавено

на

Растечкиот тренд во македонскиот туризам и неговиот потенцијал бараат соодветни стандарди, од квалитет на услугите, преку лиценци и категоризација на објектите, до регулирање на областа заради спречување на нелојалната конкуренција и севкупно подобрување на фактичката состојба. Ова беа темите на форумот „Стратешки развој на туризмот и ефектите на државната политика за негова поддршка” во Охрид што го организираа четирите стопански комори. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Одложување на прогресивниот данок за 5 години

Објавено

на

Бизнис заедницата и на јавната дебата во Собранието повтори дека е против Законот за прогреивен данок и даночната реформа на Финансии. Стопанството бара одлагање на реформата за пет години. За некои од ставките, како данок на банкарска камата, се бара да се одложат до влегувањето на Македонија во ЕУ. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange