Business Man
Вложувањето во банкарскиот сектор е НАЈИСПЛАТЛИВО! – Најголемите американски банки се најсигурна инвестиција на Ворен Бафет

Легендарниот инвеститор Ворен Бафет заклучи многу интересен квартал. Инвестицискиот гуру почна да ги ослободува големите залихи на готовина на „Berkshire Hathaway” во последните месеци, инвестирајќи милијарди долари во енергетските и компјутерските корпорации.
Но, и покрај инвестициите во енергетскиот и комјутерскиот сектор, негова најголема опсесија остануваат акциите во банкарскиот сектор за кои тој во неколку наврати изјави дека се негов фаворит.
Ворен Бафет е длабоко запознаен со банкарските и финансиските услуги. Тој смета дека бизнисот е релативно едноставен и може да биде исклучително профитабилен доколку добро се управува со него.
„Ако можете едноставно да се држите настрана од следењето на модните трендови и навистина да заработите, банкарството е исклучително добар бизнис во оваа земја“, им рече Ворен Бафет на инвеститорите на „Berkshire Hathaway” во 2003 година.
Веќе неколку години, најголемите американски банки се омилената инвестиција на Ворен Бафет и имаат значаен удел во портфолиото на „Berkshire Hathaway”. Банките се дел од инфраструктурата на земјата, сектор во кој тој постојано инвестира. Банкарството е бизнис што тој го разбира, бидејќи помогна во спасувањето на „Salomon Brothers” во 1990-тите, а исто така даде помош од 5 милијарди долари во „Goldman Sachs” во екот на финансиската криза во 2008 година, истовремено зголемувајќи го сопствениот удел и во JP Morgan (JPM).
Во 2009 година, тој дури рече дека Wells Fargo (WFC) е инвестицијата на која најмногу и верува.
„Ако треба да ја ставам целата моја нето вредност во една акција, тоа ќе биде таа акција“, им се доверил Бафет на акционерите на „Berkshire Hathaway”.
Всушност, најголемата акција на Бафет три години по ред до 2017 година беше „Wells Fargo”. Неодамна, кон крајот на 2019 година, „Berkshire Hathaway” имаше големи удели во четири од петте најголеми американски банки („Wells Fargo”, „Bank of America”, „U.S. Bankcorp”, „JP Morgan Chase”).
Business Man
Универзитетскиот професор Борче Треновски: Можен раст на каматите на кредитите, инфлацијата ќе бледнее на крај на годината

Зголемувањето на референтната каматна стапка на три проценти во догледно време може да ги зголеми каматните стапки на депозитите и на кредитите со флексибилна каматна стапка, а поради неизвесниот период во кој се наоѓаме, побарувачката на кредити и задолжувањето треба да биде претпазливо, оценува во изјава за МИА универзитетскиот професор Борче Треновски. (more…)
Business Man
ТРИФУН КОСТОВСКИ ЈА ОТВОРИ ПАНДОРИНАТА КУТИЈА – објасни каде завршиле парите на штедачите од „Еуростандард банка“

Бизнисменот Трифун Костовски ја одржа најавената прес-конференција на која изнесе сензитивни информации од истрагата која ја нарачал во врска со пропаѓањето на неговата „Еуростандард банка“. Костовски обвини дека парите кои биле повлекувани од неговата Еуростандард банка како кредити без покритие, во најголем дел оделе во фирми од Струмица блиски до поранешниот премиер на државата Зоран Заев. (more…)
Business Man
Андреја Јосифовски го зајакнува својот акционерски капитал во Макпетрол АД Скопје

Макпетрол АД Скопје ја известува јавноста преку соопштение на Македонска берза дека г-н Андреја Јосифовски, Претседател на Управниот одбор, се стекна со 220 обични акции издадени од Макпетрол АД Скопје. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје