Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Интервјуа

Влијанието на банкоосигурувањето во Македонија – партнерство помеѓу НЛБ Банка и Кроациа Осигурување – Живот

Објавено

на

Во изминатиов период од особена важност за банките и осигурителните компании е банкоосигурувањето. Во Македонија се создадоа повеќе партнерства на банки и осигурителни компании, преку кои им се нудат многу поволни иновативни производи на клиентите.

Веќе подолго време на пазарот опстојува и успешно функционира партнерството помеѓу НЛБ Банка АД Скопје и Кроациа Осигурување – Живот.

Поразговаравме со Љупка Ѓоргиевска, Директор на Сектор за развој на понуда и маркетинг во НЛБ Банка АД Скопје и Христина Џамбазовска Анастасов, Директорот на Сектор за деловни операции и потпорни процеси во Кроациа Осигурување – Живот.

Банкарство.мк: Што точно претставува банкоосигурувањето?

Љупка & Христина: Банкоосигурувањето претставува партнерство помеѓу банка и осигурителна компанија која на клиентите им овозможува купување на осигурителни продукти во банка. Ова партнерство нуди низа бенефити за сите три инволвирани страни, за клиентите тоа подразбира сеопфатна финансиска понуда на банкарски и осигурителни продукти, осигурителната компанија добива нов моќен канал за пласирање на своите продукти, а банката има можност за проширување на своето продуктно портфолио со цел задоволување на сите финансиски потреби на клиентите. Силната страна на банкоосигурувањето е широката клиентска база која ја имаат банките, како и одличното познавање на нивните финансии, при што, на клиентите им се нудат финансиски продукти соодветно на нивните потреби и можности.

Почетоците во банкоосигурувањето на НЛБ Банка датираат уште од 2007 година кога Банката започна со продажба на полиси од сегментот на неживотното осигурување. Во 2015 година понудата е проширена со осигурителни продукти од сегментот на животно осигурување, кога започна успешното партнерство и соработка со Кроација осигурување – Живот. НЛБ Банка и Кроациа Осигурување – Живот како лидери во својата дејност на финансискиот пазар, придонесоа за поставување на повисок стандард на услугите за клиентите, истовремено нудејќи им повисоко ниво на финансиска сигурност.

Љупка Ѓоргиевска, Директор на Сектор во НЛБ Банка АД Скопје

Банкарство.мк: Каква е придобивката на клиентите од овој тип на осигурување, при подигнување на кредит во банка?

Љупка & Христина: Поврзувањето на кредитните со осигурителни продукти нуди низа придобивки за клиентите, кои пред сѐ се насочени кон обезбедување на дополнителна финансиска заштита на личните и семејните финансии. Од широката палета на продукти би ги издвоиле кредитите врзани со ризико полиса за осигурување на живот на кредитокорисниците. Најголемиот бенефит кај овие кредити е осигурувањето на живот, што би значело дека во случај на немил настан корисникот на кредит нема да остави финансиски обврски на своето семејство. Покрај тоа, клиентите имаат можност да уживаат и други поволности преку добивање на поповолни услови при одобрување и користење на кредитите (пониски каматни стапки, пониски трошоци за одобрување итн.). Со континуирана едукација и ангажман од страна на нашите вработени при продажба на кредитни продукти со животно осигурување, клиентите веќе самостојно ги препознаваат придобивките од нивното користење, па побарувачката за нив сѐ повеќе се зголемува. Сѐ оди во таа насока, корисниците на кредит да не го чувствуваат осигурувањето како товар, туку како бенефит и додадена вредност за нив.

Банкарство.мк: Во моментов клиентите можат да се осигураат само при подигнување на потрошувачки кредит. Дали во иднина може таа соработка да се прошири и кај останатите кредитни производи, како станбени кредити, хипотекарни кредити, кредитни картички итн…

Љупка & Христина: НЛБ Банка има широка палета на кредитни продукти поврзани со осигурување, при што покрај потрошувачки, нуди и станбени и хипотекарни кредити со полиса за осигурување на живот. Потрошувачките кредити беа првите кредитни продукти кои ги поврзавме со животно осигурување, но имајќи ги предвид сите придобивки при користењето на животното осигурување со кредит, понудата набрзо беше проширена и на сите останати кредити.

Како компании континуирано посветени на развој и следење на светските трендови, и во иднина ќе продолжиме да работиме на развој на целокупната понуда во сегментот на банкоосигурувањето. Насочени сме кон креирање и поврзување на продукти и сервиси кои значат намалување на неизвесноста од иднината и обезбедуваат идни бенефити. Нашиот фокус останува на креирање пакет продукти и сервиси кои на најдобар начин и со најголеми придобивки за клиентите ги комбинираат банкарските и осигурителните продукти. Паралелно со развојот и воведувањето на нови банкоосигурителни продукти, ќе работиме и на развој на алтернативните канали за продажба. Дигиталните канали за комуникација и продажба, заради нивната достапност, флексибилност и брзина, претставуваат неизбежен и составен елемент во процесот на дистрибуција на финансиски услуги. Мултиканалниот пристап претставува еден од клучните елементи за успех во ситуација кога интернетот и дигиталната продажба полека ја преземаат водечката позиција на пазарот.

Христина Џамбазовска Анастасов, Директорот на Сектор во Кроациа Осигурување – Живот.

Банкарство.мк: Зошто ваквите партнерства се важни и за банките и за осигурителните компании и како влијаат врз целокупниот финансиски сектор?

Љупка & Христина: Овие партнерства се важни за банките и осигурителните компании од повеќе аспекти. Со поврзување на банкарските и осигурителните услуги, се овозможува сеопфатна понуда на финансиски услуги, нудејќи го концептот “One stop shop“ за клиентите.

Продажбата на осигурителни продукти претставува многу значаен сегмент од процесот на финансиско советување на клиентите. Имајќи ги на увид целокупните финансии на клиентот, банкарскиот комерцијалист може да понуди пошироко финансиско советување, не само во сегментот на користење на банкарски продукти, туку и насочување на неговите финансии во користење на осигурителни производи. Од друга страна довербата како основна компонента во односот помеѓу клиентите и банката им дава повисок степен на сигурност на клиентите при купување на осигурителни продукти преку Банката.

За банкоосигурувањето да биде успешен модел на соработка, еден од клучните предуслови е континуирано вложување во едукација и надградување на професионалното знаења на вработените со цел да се овозможи вистинско препознавање на потребите и можностите на клиентите, квалитетна продажба и понуда на најоптимални продукти.
Продажбата на осигурителни продукти преку банките, покрај тоа што претставува добитна комбинација за банките и за осигурителните компании, има големо влијание и на развојот на финансискиот сектор во целост. Со вклучување на осигурителните продукти во процесот на финансиско советување, се работи на финансиска едукација на населението, подигнување на свесноста за осигурувањето и подигнување на нивото на финансиска писменост воопшто.

Банкарство.мк: Колкав е степенот на развиеност на банкоосигурувањето во светот и дали банкоосигурувањето во Р.Македонија се движи во таа насока?

Љупка & Христина: Во светски рамки постои глобална експанзија на банкоосигурувањето, како и масовно поврзување на банкарските и осигурителните продукти.Банкоосигурувањето во Р.Македонија сѐ уште е во својот почетен стадиум на развој, со голем потенцијал за иден раст. Самото по себе претставува револуционерен чекор кој меѓу другото ќе придонесе и за поголема финансиска сигурност на кредитно-задолженото население. Затоа, интензивно работиме на подигнување на свесноста на клиентите за потребите и придобивките од поврзувањето на банкарските и осигурителните продукти. Со градење на свесноста за осигурување, се приближуваме кон светските стандарди каде има многу висок степен на пенетрација на осигурувањето во банкарскиот сектор и каде кредитите со животно осигурување се застапени во многу широки размери.

Интервјуа

Министерот за финансии, Драган Тевдовски за Гласот на Америка: ММФ ја зголеми проекцијата за Северна Македонија

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски за Гласот на Америка (VoA на македонски јазик) реализираше интервју во текот на вчерашниот ден, како дел од Пролетните средби на ММФ и групацијата на Светската банка во Вашингтон.

ММФ и светска банка ги намалија прогнозите за растот на светската економија поради незивесноста што постои, но најважно е што во услови кога кај најголемиот дел од земјите во светот ги намалуваат проекциите за растот, за нашата земја ја зголемија проекцијата од 2,8 на три проценти. Тоа покажува дека земјата се движи во добра насока, дека економијата закрепнува и дека веќе почнува да остварува и подобри стапки на раст.” – истакна министерот Тевдовски.

Целосното интервју погледнете го во продолжение:

Тевдовски посочи и дека сите показатели укажуваат на тоа дека економијата оди напред, односно дека македонската економија е закрепната и дека може да остварува добри стапки на раст.

Продолжи со читање

Интервјуа

Гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска за Гласот на Америка: Денарот е стабилен, очекуваме раст од речиси 4%

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска за Гласот на Америка (VoA на македонски јазик) реализираше интервју во текот на вчерашниот ден, како дел од Пролетните средби на ММФ и групацијата на Светската банка во Вашингтон. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју со Цветан Петринин, Претседател на Управен Одбор на Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

На почетокот на тековната 2019 година, се обраќаме до банките во Република Северна Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange