Connect with us

Интервјуа

Влијанието на банкоосигурувањето во Македонија – партнерство помеѓу Охридска Банка Сосиете Женерал и Граве Осигурување АД Скопје

Објавено

на

Во изминатиов период од особена важност за банките и осигурителните компании е банкоосигурувањето. Во Македонија се создадоа повеќе партнерства на банки и осигурителни компании, преку кои им се нудат многу поволни иновативни производи на клиентите.

Деловното партнерството помеѓу две реномирани компании со долгогодишен успех во своето работење, Охридска Банка Сосиете Женерал и Граве Осигурување АД Скопје датира од 2012 година и веќе шест години успешно функционира на пазарот.

Поразговаравме со Катерина Петровска, Раководител на Дирекција за маркетинг во Охридска Банка Сосиете Женерал.

Банкарство.мк: Што точно претставуава банкоосигурувањето?

Катерина: Со овој назив се именуваат производите кои претставуваат микс од банкарски производи и животно осигурување, при што осигурувањето значи заштита на клиентот во случај на осигурен настан – смрт, губење на деловна способност или траен инвалидитет. При настанување на осигурен настан, долгот кон банката го подмирува осигурителната компанија, така што клиентот или најблиското семејство на клиентот е ослободено од долгот кон банката.

Банкарство.мк: Каква е придобивката на клиентите од овој тип на осигурување, при подигнување на кредит во банка?

Катерина: Клиентите со користењето на банкарски производи со осигурителна компонента, добиваат заштита во случај на немил настан, долгот кон банката да не падне на нивен товар или на товар на најблиските, туку да биде целосно подмирен од страна на осигурителната компанија. Клиентите се повеќе го прифаќаат овој производ и ги препознаваат бенефитите од користење на кредитно животно осигурување со оглед дека истото значи посигурна иднина за нив и нивните најблиски, а самиот трошок е вклучен во месечната рата на кредитите и на тој начин минимално влијае на нивниот буџет.

Банкарство.мк: Охридска Банка е единствената банка која во моментов на клиентите им нуди можност покрај осигурувањето при подигнување на кредит (потрошувачки, станбен, хипотекарен…), да можат да го осигураат и искористениот износ кај кредитните картички и дозволеното пречекорување. Можеме ли во иднина да очекуваме некоја нова иновативна понуда?

Катерина: Охридска Банка Сосиете Женерал постојано работи на зголемување на својата понуда како во делот на банкарските производи и услуги така и во комбинирање на банкарските со осигурителните производи.

Најновите производи кои претставуваат спој на животно осигурување и банкарски производи се осигурување на трансакциска сметка и осигурување на депозит кои како концепт нудат итна поткрепа и можност за повеќе полиси. Финансиските бенефиции од осигуран настан подразбираат вкупен надомест со максимален лимит до 2.500 евра по полиса за осигурувањето на трансакциска сметка и до 3.000 еур по полиса за осигурувањето на депозит, согласно условите на осигурувањето. Клиентот може да аплицира за максимум три полиси, и оттука максималниот осигуран износ тројно би се зголемил.

Корисниците на картички на Охридска банка Сосиете Женерал, истовремено бесплатно добиваат осигурување на картички – “IN-cards“ со кое сите МастерКард и ВИЗА платежни картички – се покриени со неколку осигурителни покритија.

Осигурувањето на картичките е неживотно осигурување на клиентите и вклучува одредени настани кои се покриени и се надополнуваат во зависност од типот на картичката (на пример: надомест за изгубен багаж при патување).

Освен што ваквото осигурување е компатибилно решение во однос на патничкото осигурување, вклучените придобивки овозможуваат: осигурување што е валидно веднаш без потреба од апликација и без дополнителни трошоци, финансиска безбедност за имателот на картичката и неговото семејството во случај на осигурен настан, покриеност за неограничен број на патувања, медицинска помош, осигурен багаж и многу друго.

Банкарство.мк: Зошто ваквите партнерства се важни и за банките и за осигурителните компании и како влијаат врз целокупниот финансиски сектор?

Катерина: Бенефит од ваквите партнерства, покрај претходно наведените за клиентите, имаат секако и банките и осигурителните компании. За банките, можноста за вклучување на осигурителните производи во својата понуда значи збогатување на палетата на производи, заштита од ненаплата на побарувања при настанување на осигуран случај, финансиски бенефит и зголемување на задоволството на клиените поради овозможувње на нивна заштита со производите од кредитно животно осигурување.

За осигурителните компании ваквите производи исто така значат збогатување на понудата, зголемување на дистрибутивната и продажна мрежа, а со тоа и зголемување на портфолиото на клиенти, диверзификација на ризикот и крајно подобри финансиски резултати.

Банкарство.мк: Колкав е степенот на развиеност на банкоосигурувањето во светот и дали банкоосигурувањето во Р.Македонија се движи во таа насока?

Катерина: Постојат многу разлики во однос на развојот на банкоосигурувањето во светот и истото зависи во голем дел од регулативата како и од најразлични културолошки и социодемографски фактори, но евидентен е глобален тренд на раст на значењето на банкоосигурувањето. Во некои европски земји, банкоосигурувањето е главен канал за продажба на животното осигурување.

Во Р.Македонија од пионерскиот чекор на Охридска Банка Сосете Женерал во 2012 година со воведување на првиот ваков производ – кредитно животно осигурување, до денес евидентен е постојан раст на понуда на ваков тип на производи и воведување на производот од страна на повеќе банки на пазарот, така што можеме да кажеме дека степенот на развој и свесноста на клиентите за постоењето и за бенефитите од овој производ е на солидно ниво и во одредени случаи има и пресудно влијание за изборот на производот кој ќе го користи клиентот.

Интервјуа

ИНТЕРВЈУ Букет Геречџи: Халкбанк е лидер во воведувањето нови технологии на банкарскиот пазар во Македонија

Објавено

на

На почетокот на тековната 2019 година, се обраќаме до банките во Република Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

ИНТЕРВЈУ со проф. д-р. Драгољуб Арсовски, Претседател на Управен Одбор на ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

На почетокот на тековната 2019 година, се обраќаме до банките во Република Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Груевски ќе работи во Унгарската народна банка?

Објавено

на

Избеганиот експремиер и пратеник, сегашен азилант Никола Груевски во Будимпешта даде ексклузивно интервју за телевизија Сител, кое го водеше новинарката Славица Арсова. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange