Connect with us

Business Man

Владо Цекиќ на листата 30 највлијателни и најуспешни млади бизнис лидери Business Elite’s “Under 30” CEE

Објавено

на

Владо Цекиќ основач и извршен директор на squareONE Marketing & Advertising, станува дел од светската бизнис алумни елита, како млад инспиративен лидер и предводник во унапредување на претприемничката култура и идниот раст на бизнис заедницата.

Business Elite Awards, бренд на реномираната канадско-американска компанија Global Top Brands Awards, се фокусира на градење широка мрежа од елитата за елитата. Бидејќи големите умови размислуваат слично, а колективните умови успеваат заедно, членовите на „Executive Club”, односно престижната алумни мрежа се исклучително успешни млади луѓе од бизнисот кои имаат пристап до платформа за меѓународно поврзување и соработка.

“Ми претставува огромна чест и задоволство да бидам добитник на признание кое доаѓа од толку реномирана и престижна програма како Business Elite’s “Under 30”. Можноста да бидам дел од истата во конкуренција од исклучително брилијантни поединци и компании кои секојдневно демонстрираат визија, лидерство и успех, на територијата на Европа е навистина огромна.

Наградата е круна на реализацијата на целиот тим на squareONE. Таа е плод на тимската кохезија, придонесот и активниот стремеж кон една заедничка цел. Токму масивниот извор на енергија, креативност и нови идеи се движечка сила зад интернационалниот раст на компанијата. За мене оваа награда креира и индивидуална вредност за старт-ап заедницата и претприемништвото во нашата земја. Таа е доказ, дека претприемништвото игра значајна улога во обликувањето на економскиот пејзаж на земјата. Како мотор на економскиот раст и катализатор за проширување и унапредување на продуктивните вредности во секоја сфера на економскиот живот, ова признание е симбол на позитивен тренд и раст на бизнис климата во земјата.

На крај, се надевам дека овој успех ќе биде и нов поттик за сите млади лидери да продолжат да веруваат во себе и својата амбиција. Само на овој начин, можеме да придонесеме кон  обновување на структурите на донесување одлуки во општеството и да ја вратиме довербата во конкурентноста на домашниот пазар.”, вели Владо Цекиќ.

Препознавајќи ја амбициозноста и бизнис талентот кај менаџерите и претприемачите помлади од 30 години, ексклузивната Business Elite’s “Under 30” награда претставува едно од најпопуларните признанија во светот за младите бизнис лидери и честопати е првиот поттик на многу успешни светски познати личности. Секако, пред секој кој се стекнал со вакво признание претстојат уште многу предизвици и стекнување на искуство во бизнисот со што би изградиле една блескава кариера и би постигнале огромни успеси во светот на бизнисот во иднина.

„Владо професионално го познавам веќе неколку години и многу често знам да го споменам како пример на човек кој се откажал од сериозна позиција во голема компанија за да го следи сонот, односно да го разбуди претприемничкиот дух, да излезе од зоната на комфор и да ги преземе сите ризици кои ги носи приватниот бизнис. Гледано од денешна инстанца, многу е лесно да се заклучи дека тоа за него бил правиот чекор, меѓутоа во моментите на донесување на одлуката верувам дека воопшто не му било лесно и затоа можам само да му честитам за храброста. За мене нема дилема дека за многу брзо, искуството кое ќе го стекне на меѓународниот пазар каде веќе бележи големи успеси, заедно со неговиот бизнис талент, ќе резултираат во уште многу побројни и поголеми успеси за него и неговата компанија, вели д-р Виктор Ѓорѓиески, регионален директор во Business Elite Awards.

Овогодинешниот Business Elite’s “Under 30” настан традиционално ќе се одржи со специјална гала свеченост за доделување на престижните наградите на младите менаџери и претприемачи од светот на бизнисот, во Будимпешта, Унгарија.

Business Man

Џеф Безос трета година по ред е најбогат човек на светот според Форбс

Објавено

на

Најбогатите 400 Американци вредат рекордни 3,2 трилиони долари, што е за 240 милијарди долари повеќе од пред една година, а растот на богатството го поддржа и берзата што му се спротивстави на Ковид-19 вирусот. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Драган Тевдовски ќе работи како советник на извршниот директор на ММФ во Вашингтон, назначен од Народната банка

Објавено

на

Драган Тевдовски, поранешниот министер за финансии, ќе работи како советник на извршниот директор во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, како претставник од Македонија испратен од Народната банка, потврдија за „360 степени“ од Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Од банкарски службеник до листата на 30 најуспешни млади бизнис лидери

Објавено

на

Business Elite Awards, бренд на реномираната канадско-американска компанија Global Top Brands Awards, го позиционира Владо Цекиќ (основач на squareONE Marketing & Advertising) на листата најуспешни млади бизнис лидери под 30 години, предводници во промоција на претприемништвото и идниот раст на бизнис задницата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно