Connect with us

Домашни банки

Владо Камбовски и Драгица Јовановска нови членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката.

„За независен член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје за период од 4 (четири) години сметано од 02.07.2020 година се именува Владо Камбовски. За член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје за период до 03.04.2021 година се именува Драгица Јовановска”, се вели во соопштението на Банката.

На именуваните членови на Надзорниот одбор им се определува награда за ангажирање и учество во работата на седниците на Надзорниот одбор во износ од 45.000 денари.

Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје поднесува пријава за упис на новоименуваните членови на Надзорниот одбор во трговскиот регистар.

Овие одлуки влегуваат во сила со денот на донесувањето, а ќе се применуваат по добивањето претходна согласност од Гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија.

Со новите измени, Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје го сочинуваат:

  • Глигорие Гоговски – Претседател на Надзорен одбор
  • Борислав Трповски – Член на Надзорен одбор
  • Златко Черепналкоски – Член на Надзорен одбор
  • Арсен Јаневски – Член на Надзорен одбор
  • Трим Ќемали – Член на Надзорен одбор
  • Драгица Јовановска – Член на Надзорен одбор
  • Владо Камбовски – Независен член на Надзорен одбор

Домашни банки

Комерцијална банка ќе им одобри дозволено пречекорување на приматели на пензија и плата во Еуростандард банка

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје од денеска (14.08.2020) преку брза и едноставна процедура ќе им одобри дозволено пречекорување на клиенти кои имале активна сметка во Еуростандард банка АД Скопје и на која примале плата или пензија. Понудата се однесува на сите бонитетни клиенти кои имаат солиден рејтинг во кредитниот регистар на НБРСМ, односно се класифицирани во ризична категорија А или Б.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

АЖУРИРАНО: Пензионерите на Еуростандард банка не треба да носат одјава во новата банка каде ќе примаат пензија

Објавено

на

Пред неколку дена пишувавме околу постапката “Што треба да направат пензионерите кои примаат пензија преку Еуростандард банка“, со цел да ја префрлат својата пензија во друга банка, откако стана јасно дека Еуростандард банка АД Скопје оди во стечај. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Македонска берза трајно ја исклучи Еуростандард банка од членство во Берзата

Објавено

на

Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе Одлука за трајно исклучување од членство во Берзата на Еуростандард банка АД Скопје откако Комисијата за хартии од вредност донесе решение за трајно одземање на дозволата за работа. (more…)

Продолжи со читање

Популарно