Connect with us

Останато

Владимир Чадиковски избран за маж на годината, Димитров за маж со најдобар стил

Објавено

на

Специјалист по детска хирургија, Владимир Чадиковски, беше избран за маж на годината во конкуренција со 82 мажи. Изборот на мажи за 2018 беше спроведен во организација на Fruday.mk и Моментум, а признанијата беа доделени вчера на гала вечер во „Тренд Гастро Бар“. Чадиковски доби признание и за маж со најголем придонес во општеството.

– Ќе се потрудам да придонесувам во општеството уште повеќе и да се донесат во Македонија европските стандарди за третманот на деца – изјави тој.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, пак, беше награден за маж со најдобар стил.

-Ми стана незгодно прво, но после ми се уарни. Немам ништо спремено, не знаев дали ќе има прилика за два три збора, но јас кога ќе видам микрофон од кампањата ми е останато 30 минути да зборувам – рече Димитров.

Беа доделени признанија во вкупно десет категории. Живко Мукаетов беше избран за менаџер на годината, а признанието за млад менаџер на годината му беше доделено на Душко Чифлиганец. Амбасадорот на Холандија, Валтер Пломп, беше награден со статуетката странец маж. За маж со најголем придонес во споротот беше избран Кирил Лазаров, а маж на годината избран преку социјалните мрежи беше Огнен Јанески. Трифун Костовски, пак, беше награден со признанието маж со трајни вредности.

Останато

Grouper.mk прогласен за Најдобар Сајт за 2018 година во Македонија

Објавено

на

На доделувањето на наградите на манифестацијата „Сајт на годината“, која се одржа изминатава недела традиционално деветта година по ред, Grouper.mk беше избран за Најдобар Сајт за 2018 година во Република Македонија од страна на гласачите и комисијата. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

4 најважни блокчејн трендови за 2019 година

Објавено

на

Додека 2019 година е веднаш зад аголот, дојде време да се размислува за настаните од 2018 година, но уште поважно, да се разгледа она што следната година може да го донесе. Блокчејн технологијата ќе донесе уште многу изненадувања.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Национална конференција: Граѓаните воопшто не се запознаени со мерките за вработување

Објавено

на

Во 2018 и 2019 година во однос на 2017 година е намален износот на средства што се издвојуваат за спроведување на активните програми и мерки за вработување, односно за 44% или 437 милиони денари, рече програмскиот координатор Дарко Антиќ од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ на денешната национална конференција „Дали и колку граѓаните чувствуваат бенефит од спроведувањето на активните мерки, програми и услуги за вработување“. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange