Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Владата пред капитална одлука – Дали да се оданочуваат добивките од капитал?

Објавено

на

Даночната реформа која ја воведе екс министерот Драган Тевдовски со прогресивните стапки на оданочување треба да помине барем една година со цел да се види нивниот ефект и тоа за многу краток период, бидејќи реформата стапи на сила на 1 јануари 2019. Сепак, и натаму економските субјекти не се целосно согласни со воведените измени, особено тие што го таргетираат пазарот на капитал, неговиот развој кој е неопходен во состојба на лимитирани и еднородни извори на финансирање на нови проекти и бизнис идеи, како и можности за инвестирање.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев кој не се согласуваше со фискалните политики на веќе поранешниот министер Тевдовски, најави дека Владата ќе ја разгледува можноста за одложување или промена на одредбите од Законот за данок на личен доход кои се однесуваат на оданочување на капиталните добивки, од каматите на хартии од вредност и каматите од заемите.

„Сакаме да го стимулираме пазарот на капитал, сакаме да го стимулираме развојот на берзата. Доколку тоа е една од мерките коишто треба да се направат за да биде тоа стимулирано, секако ќе разговараме и за таа опција“, рече Анѓушев.

Од следната година треба на сила да стапат одредбите од Законот со кои е предвидено да се плаќа данок од 15% за дивидендите, да се плаќа данок за заштедите кои се чуваат во банка, ако каматите годишно надминат 15 илјади денари, за каматите од хартиите од вредност, како и плаќање данок на каматите од заемите.

Според статистичките податоци за првиот квартал во 2019 година во фискалната каса се слеале 200 милиони денари од ставката персонален данок на доход за приходи од капитал. Тоа е значително помалку во однос првиот квартал од 2018 кога за истата ставка државата собрала 252 милиони денари од приходи од капитал. Пад има и кај собраните даноци од капиталните добивки, годинава 8 милиони денари, за разлика од истиот период лани кога се собрале 9 милиони денари.

Една од благо речено несфатливата промена во даночната политика беше одредувањето од ставката од 15% за доходот од капитал, додека пак прогресивната стапка за доходот од труд изнесува 18%. Тоа остава можности за даночните субјекти да го исплаќаат делот од доходот преку дивиденди за искористување на ставката од 15%, наместо само преку плата каде прогресивната стапка како што наведовме е 18%.

Неопходноста од развој на пазарот на капитал ја посочи и Нора Алити, Претседателката на Комисијата за хартии од вредност, која оваа приказна ја гледа како недовршена.

„За развој на пазарот на капитал, како впрочем и за секој друг финансиски пазар најпрво треба да има политичка стабилност и правна сигурност, а потоа сè друго. Изминатиов период кога полека, но сигурно се враќа довербата на граѓаните во нашиот пазар на хартии од вредност можеби е неповторлив момент кој многу лесно може да биде срушен со најавеното оданочување на капиталните добивки во комбинација со девизната либерализација и можноста за инвестирање на капиталот на домашните инвеститори на странските пазари на капитал. Се надевам дека Министерството за финансии ќе го послуша гласот на индустријата и ќе ја поддржи иницијативата за продолжување на даночните ослободувања на капиталните добивки од продажба на хартии од вредност за физичките лица, со оглед на тоа што во годините кога се наплаќаше данокот на капитална добивка буџетскиот ефект беше многу мал“, заклучи Алити.

Надлежен орган за оваа регулатива е Министерството за финансии кое треба да се изјасни дали ќе се интервенира со законски измени или пак со одложување на одредбите за оданочување на капиталните добивки.

Анализи

Ова се најпрофитабилните акции во последните 20 години

Објавено

на

Цените на берзата растат и паѓаат секој ден, но најдобрите компании им носат вредност на своите акционери на долг рок. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Како функционира и што нуди новата алатка Отворени финансии?

Објавено

на

Министерството за финансии со новата дигитална алатка “Отворени финансии” на увид на јавноста ги стави сите трансфери од буџетот на државата, како по извршените трансакции кон корисниците на буџетските сметки односно државните институции, така и кон економските оператори од приватниот и јавниот сектор за набавените стоки и услуги. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Finance Think: Зголемувањето на минималната плата и пензиите може да има негативни последици

Објавено

на

По спроведената мисија со цел консултации за подготовка на Членот IV, Меѓународниот Монетарен Фонд ги оцени економските реформи во Северна Македонија со солиден потенцијал за справување со долгорочните предизвици. И покрај релативно позитивната оценка на економскиот раст, потезите во социјалната, даночната и пензиската сфера, заклучоците укажуваат на неколку економски и социјални политики, кои подолго време се дискутираат во македонската експертска јавност. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange