Connect with us

Странски банки

Владата на Словенија ќе мора да продаде 75% од НЛБ до крајот на 2018 година

Објавено

на

Европската комисија се очекува службено да ја објави содржината на истрагата околу неисполнувањето на обврската од страна на словенската влада да ја продаде Нова Љубљанска Банка (НЛБ).

Согласно анализата на РТВ Словенија, владата на оваа земја ќе мора да продаде 75% од банката до крајот на годината, во спротивно ќе биде принудена на мерки кои дополнително ќе ја намалат вредноста на банката која е на продажба.

Неофицијално, Словенија нуди како компензација, целосно повлекување на државни претставници од Надзорниот одбор и уште поголемо ограничување во кредитирањето и рекламирањето на НЛБ. Дополнително се шпекулира со продажба на осигурителното друштво НЛБ Вита и затварање на 20 експозитури.

Преговорите сеуште се во тек, кога станува збор за рокот на продажба и потенцијалните компензациски мерки, велат од Министерството за финансии. Од таму потврдуваат дека во најкраток рок го очекуваат одговорот на Европската комисија за точниот датум на продажба на НЛБ.

Од банката коментираат дека со цел подеднакво информирање на акционерите, нема да ја коментираат ситуацијата се до официјалното обелоденување на резултатите од работењето.

Странски банки

НЛБ Групацијата со рекорден профит од 225,1 милиони евра

Објавено

на

НЛБ Групацијата оствари добивка во износ од 225,1 милиони евра за 2017 година односно повеќе од двојно повисока во споредба со 2016 година. Ова претставува рекорден профит во историјата на НЛБ Групацијата. За овие одлични резултати се заслужни сите банки – членки на НЛБ, вклучувајќи ја и македонската НЛБ Банка, која за претходната 2017 година оствари профит од 35 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕК отвори истрага против Словенија за случајот НЛБ

Објавено

на

Европската унија во својот Службен весник објави Одлука да се отвори истрага против Словенија поради сомневање дека ги прикрила штетите на „Нова љубљанска банка“ (НЛБ) спротивно на правилата и обврските на Унијата. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Ова е најдобрата банка во централна и источна Европа според Глобал Фајнанс

Објавено

на

Во рамки на доделување на наградите за најдобри светски банки за 2018 година, Глобал Фајнанс ја прогласи Raiffeisen Bank International AG (RBI) за „Најдобра банка во централна и источна Европа“. Реномираниот финансиски магазин престижната награда на оваа банка и ја доделува веќе 12-ти пат во последните 15 години. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange