Connect with us

Останато

Владата го објави третиот сет економски мерки, истиот вклучува бројни поволности

Објавено

на

Владата на Репиблика Северна Македонија го објави третиот сет економски мерки со кои ќе бидат опфатени 730,000 корисници а вкупната помош за економијата од трите сета мерка, заедно со капиталните инвестиции и поддршката на јавната потрошувачка изнесува 1 милијарда евра, што е близу 10% од БДП.

ШТО ВКЛУЧУВА ТРЕТИОТ СЕТ НА ЕКОНОМСКИ МЕРКИ?

Платежна картичка за граѓаните – по 150 евра за македонски производи и услуги.

Оваа мерка е достапна за сите невработени лица, баратели на работа кои немаат над 15.000 месечни приходи според Управата за јавни приходи, како и примателите на гарантирана минимална помош.

Ваучер за домашен туризам од 100 евра и домашна платежна картичка од 50 евра.

Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15.000 нето месечно и немаат други приходи во 2018 година, според УЈП.

Парична поддршка за студентите и средношколците од 100 евра и платежна домашна картичка од 50 евра.

Мерката опфаќа ваучери од најмногу 100 евра за покривање на партиципација во Универзитет како и сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци.

Мерката вклучува и платежна картичка за студенти и средношколци, во вредност од 50 евра за домашни производи и услуги.

Ваучери за кофинансирање на обуки, тренизни и курсеви за ИТ и дигитални вештини.

Викенд без ДДВ за сите граѓани

Преку поевтини цени за граѓаните, поттикнуваме потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори, како што се продавниците за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги.

Паричен надоместок за сите лица кои останале без работа од 11 март до 30 април 2020.

ДИРЕКТНА ПОДДРШКА НА МАКЕДОНСКОТО СТОПАНСТВО

  • Бескаматни кредити за фирми преку Развојната Банка на Северна Македонија, во вредност од 31 милион евра – поддршка за жените, младите и дигитализацијата во бинисот.
  • Државна гаранција за комерцијални кредити за поддршка на Старт ап и мали и микро компании.
  • Гаранција за обезбедување на царинскиот долг – за поголем извоз и полесен пристап до суровини за домашните компании.
  • Нови 25 милиони евра за приватниот сектор – за нови пазари, конкурентност и модернизација.
  • Дигитална платформа за нови пазари за текстилните компании.
  • Поддршка за развој на домашни старт-ап продукти и услуги преку ФИТР.
  • Кофинансирање на настани и конференции со 50% финансиска поддршка од државата најмногу до 30.000 денари.

ПОДДРШКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

  • Поддршка на аграрниот сектор од 5 милиони евра преку Развојната банка.
  • Платежна картичка за субвенционирање на 50% од зелената нафта за земјоделците.
  • Стимулирање на преработувачите на грозје за производство на нови продукти.
  • Овозможуваме јавни приватни партнерства во лозарството и тутунскиот сектор.
  • Окрупнување на земјоделско земјиште за поголема конкурентност на македонското земјоделство.
  • Долгорочен закуп на пасишта.
  • Програма за финансирање на микро земјоделски компании.
  • Модернизација на земјоделство.

БЛАГОДАРНОСТ ЗА НАЈИЗЛОЖЕНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ

Награда од 20% од основната плата за 2 месеци за докторите и медицинскиот персонал на инфективните клиники и одделенија, клиниката за инфективни болести, институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје, како сите членови на тимовите од итна медицинска помош.

Останато

Јавна расправа за Законот за буџети: Се воведуваат фискални правила и фискален совет за поголема контрола на јавните финансии

Објавено

на

Поставување на фискални правила и воспоставување на Фискален совет – во насока на поголема контрола, среднорочно буџетирање и воспоставување на интегриран систем за управување со јавни финансии-во насока на подобро планирање, креирање на регистар на јавни субјекти и зголемување на транспарентноста се дел од одредбите од новиот Предлог-закон за буџети. Денека на јавната расправа која се одржа во Министерството за финансии, на која учествуваше министерот за финансии Фатмир Бесими, преставници на Светска банка, ММФ и Европската комисија, како и претставници на експертската јавност, на стопанските комори и на невладините организации, беше дискутиран овој нов закон и предлозите кои биле доставени на ЕНЕР и имплементирани во законот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Шпанија воведува четиридневна работна недела!?

Објавено

на

Шпанската влада разгледува можност за воведување четиридневна работна недела, односно скреатено работно време, за да не дојде до пад на вработеноста. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Стапката на невработеност во третиот квартал изнесува 16,5%

Објавено

на

Стапката на невработеност во земјата заклучно со третиот квартал изнесува 16,5 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. (more…)

Продолжи со читање

Популарно