Connect with us

Останато

Македонски Телеком: Вкупната нето добивка на крајот од 2017 година изнесува 1.381 милион денари

Објавено

на

Македонски Телеком АД-Скопје има водечка позиција на пазарот според остварените приходи на крајот од 2017 година, покажуваат неревидираните финансиски извештаи подготвени во согласност со меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).

Вкупната нето добивка изнесува 1.381 милион денари и е зголемена за 33,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Приходите од продажба во 2017 година изнесуваат 10.221 милион денари, што претставува намалување од 2,5 отсто во споредба со 2016 година.

„Македонски Телеком во изминатата година ја зацврсти својата позиција на водечки интегриран давател на телекомуникациски услуги на пазарот, пред сè како резултат на нашето портфолио на конвергирани фиксни, мобилни и cloud услуги. Главниот фокус во 2018 година повторно ќе биде ставен на конвергентните услуги. Истовремено, следејќи ги технолошките трендови продолжуваме со модернизацијата на мрежата, што претставува  основа за  креирање на модерни и иновативни услуги и воведување на дигитизација во општеството. Едноставно, нашата визија е да им овозможиме на сите корисници да уживаат во можностите на новите технологии денес и во иднина на најдобрата мрежа во Македонија”, изјави Андреас Елснер, главен извршен директор на Македонски Телеком.

Вкупниот број на пристапи на широкопојасен интернет на крајот од 2017 година е стабилен и изнесува 194 илјади, додека уделот на пазарот на широкопојасен интернет на крајот од 2017 година изнесува 46 отсто, според интерните проценки.

Приходите од малопродажен Интернет и дигитална телевизија преку Интернет протокол („IPTV”) на крајот од 2017 година се зголемија за 1,8 отсто во споредба со претходната година. Во 2017 година, Македонски Телеком како резултат на високиот квалитет, интерактивноста и уникатното ТВ искуство, оствари добри резултати во дигиталната телевизија. На крајот од 2017 година, бројот на IPTV корисници изнесуваше 117,5 илјади што претставува зголемување од 9,1 отсто во споредба со 2016 година. Со тоа, Македонски Телеком, според интерните проценки, достигна удел од 28,2 отсто на ТВ пазарот.

На пазарот на мобилната телефонија, компанијата има удел од 48,6 отсто, а базата на претплатници на крајот од 2017 година изнесуваше 1.203 илјади. На крајот од 2017 година, приходите од говорни мобилни услуги се намалени за 5,5 отсто во споредба со претходната година, што е компензирано со приходите од неговорни мобилни услуги коишто се зголемија за 21 отсто. Намалувањето е резултат на намалените цени на националниот дојдовен мобилен сообраќај во терминација, комбинирано со зголемениот обем на сообраќај и намалениот обем на меѓународен дојдовен сообраќај во терминација, што е компензирано со зголемувањето на приходите од пост-пејд.

Останато

PayPal го купи Hyperwallet за 400 милиони долари

Објавено

на

PayPal го продолжи своето шопинг шоу со готовински договор вреден 400 милиони долари за да се здобие со платформата за исплата на е-трговија Hyperwallet. Аквизицијата доаѓа на грбот на неодамнешните договори за купување на шведскиот iZettle за 2,2 милијарди долари и трговска марка Jetlore.

Договорот за Hyperwallet ќе и овозможи на компанијата да обезбеди целосен пакет услуги за плаќање на купувачите и продавачите кои користат онлајн пазари.

“Платформите и пазарите за е-трговија се изедначување на мало поле за играње преку поврзување купувачи кои имаат специфични потреби со групи на продавачи кои можат да ги исполнат”, вели Бил Ready, главен оперативен директор на PayPal. “Трговците и давателите на услуги кои ги користат овие платформи сакаат брз, ефикасен, флексибилен и сигурен пристап до нивните приходи, кога и каде и да им се потребни. Со стекнување на Hyperwallet, ќе ја зајакнеме нашата способност да обезбедиме интегрирано решение крај на крај на повеќе од 200 пазари. ”

Трансакцијата се очекува да се затвори во четвртиот квартал од 2018 година.

Продолжи со читање

Останато

Обука за ментори за организациски развој

Објавено

на

Дводневна обука за ментори за организициски развој ќе се одржи во Стопанската комора на Македонија во организација на Македонското здружение за заштита при работа и во соработка со Организацијата на работодавачи и Сојузот на синдикати на Македонија.

Учесниците на обуките ќе се стекнат со знаења и како идни ментори од нив се очекува да ги пренесат своите знаења и искуства во матичните компании.

Обуките се наменети за претставници од Македонското здружение за заштита при работа, Сојузот на синдикати на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати, Организацијата на работодавачи, Македонското здружение по медицина на трудот и Стопанската интересна заедница на заштитни друштва во Македонија.

Продолжи со читање

Останато

Квалитетни податоци и анализи- основа за ефективни политики

Објавено

на

“Квалитетни податоци и анализи – основа за ефективни економски политики. Реалност или предизвик?” е настан во организација на Finance Think, а поддржан од Civica Mobilitas.

Тркалезната маса вклучува формална дискусија и промоција на прирачникот „Истражувачки алатки во економијата: Перспектива на тинк тенк“. Преку стручна дискусија се очекува да се дадат одговори на прашањата за предизвиците и можностите за прибирање и достапноста на податоци, пописот како извор на информации, изработка на анализи и креирање политики базирани на докази.

Панелисти на настанот се:

  • Благица Новковска, Професор, Универзитет за туризам и менаџмент, Скопје
  • Борче Тренески, Професор, Економски факултет, Скопје
  • Олга Лимар, Менаџер за организациски развој, New Europe Center Киев Украина.
  • Модератор: Марјан Петрески,Професор, Американ Колеџ Скопје,
  • Промотор на прирачник: Игор Величковски, Универзитетски професор и истражувач

Настанот ќе се одржи во хотел Мериот во Скопје, на 28. Јуни во 11 часот.

 

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange