Connect with us

Домашни банки

Вкупната актива на Комерцијална банка бележи зголемување од 7,5%

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје, преку соопштение на Македонска берза ги објави Билансот на успех и Билансот на состојба на банката за периодот 01.01 – 31.12.2019 година.

Вкупната актива на Банката на 31.12.2019 година достигна износ од 123.018,1 милиони денари и во однос на декември 2018 година бележи зголемување од 7,5%.

Планот е остварен со 103,5%. Зголемувањето на вкупната актива во најголем дел се должи на зголемувањето на кредити на и побарувања од банки, кредити на и побарувања од други комитенти и зголемувањето на вложувањата во хартии од вредност. Притоа, во структурата на активата се забележува умерено зголемување на учеството на кредитите на коминтенти и на вложувањата во хартии од вредност, а за сметка на тоа, учеството на паричните средства се намалува. Промената е поттикната од зајакнувањето на капиталната позиција, што овозможи Банката на пазарот да понуди модифицирани кредитни производи за физички и правни лица со поповолни услови во однос на конкуренцијата. Исто така, укинувањето на регулативата за вложување во хартии од вредност на странските пазари овозможи Банката да пласира средства во должнички ХВ кои носат поволни приноси и согласно тоа се изврши преструктурирање на активата со пренасочување на дел од средствата кои беа пласирани во странски банки со негативни каматни стапки.

Кредитите на и побарувањата од банки бележат речиси двојно зголемување како резултат на пласирани средства во странски банки со рочност над 3 месеци, заради минимизирање на неповолните ефекти од негативните каматни стапки.

Кредитите на и побарувањата од други комитенти бележат зголемување од 9,4% како резултат на зголемени редовни бруто кредити на физички лица (потрошувачки и станбени кредити со валутна калузула) како резултат на понудените ниски каматни стапки и конкурентни услови. Планот е остварен со 103,1%.

Вложувањата во хартии од вредност се зголемени за 6,6% како резултат на купена еврообврзница издадена од РСМ Министерство за финансии, купени корпоративни обврзници издадени од странски банки и во помал дел од купени континуирани државни обврзници во денари. Имено, со укинувањето на Одлуката од НБРСМ за условите што треба да ги исполнуваат хартиите од вредност во странство во кои може да вложува овластена банка, се овозможи Банката да вложува во хартии од вредност издадени за странските пазари, кои во моментот нудат задоволителен принос, во услови на недостаток на прифатливи проекти за кредитирање на домашниот реален сектор.

Средствата за тргување се зголемени за повеќе од шест пати како резултат на вложување во странски финансиски друштва (купени 49.610 акции од Tirana Bank Sh.A во износ од 2,5 милиони евра или 154,6 милиони денари).

Финансиски средства по објективна вредност преку билансот на успех определени како такви при почетното признавање во износ од 339,2 милиони денари се состојат од вложувања во удели во инвестициски фондови.

Вложувањата во придружни друштва се зголемени во однос на декември 2018 година за 5,7% по основ на евидентиран удел во добивката од друштвото со примена на “методот на главнина”.

Паричните средства и паричните еквиваленти се минимално намалени во однос на крајот од 2018 година. Планот е остварен со 97,4%.

Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања се намалени за 77,2% главно по основ на продажба на преземен имот, како и по основ на евидентирано оштетување на имотот согласно со регулативата од НБРСМ.

Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) достигнаа износ од 107.637,4 милиони денари и бележат зголемување од 8,2%. Планот е остварен со 104,2%.

Обврските по кредити достигнаа износ од 837,0 милиони денари и се намалени во однос на декември 2018 година како резултат на поголем износ на отплатени доспеани рати од кредитните линии во однос на нови повлекувања. Планот е остварен со 117,1%.

Акционерскиот капитал и резервите на Банката со состојба 31.12.2019 година достигнаа износ од 13.242,7 милиони денари и бележат зголемување од 6,7% во однос на 31.12.2018 година како резултат на зголемен резервен фонд за 500 милиони денари согласно Одлука од Собранието на акционери одржано на 04.04.2019 година, а значајно влијание врз вкупните капитал и резерви има и реализираната добивка за годината.

Домашни банки

Дали сте размислувале колку пари и време ви заштедуваат дигиталните финансиски услуги?

Објавено

на

Сите сме сведоци на ултра брза дигитална трансформација. Замислете си само колку пати дневно извршувате дигитални трансакции? Сигурно никогаш не сте размислувале колку пари и време ви заштедува плаќањето преку интернет или мобилен телефон. Во маркети плаќате со картичка за неколку секунди и не чекате кусур. Не губите време ниту кога ви треба готовина, затоа што имате банкомат на секој чекор. Не трошите еден вработен за уплата на дневен промет секој ден затоа што и за тоа имате банкомат… (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка со 18.10.2021 година.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со фантастична вест за акционерите – ќе ја подели и заостанатата дивиденда!?

Објавено

на

Изминатата пандемиска 2020 година, НЛБ Банка ги следеше инструкциите на Народната банка којашто советуваше банките да не исплаќаат дивиденда, па така Банката се воздржа и на своите акционери не им ја исплати заслужената награда. (more…)

Продолжи со читање



Популарно