Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Вклучен црвениот индикатор – Ќе следи ли нова тешка рецесија?

Објавено

на

Економските аналитичари од САД се загрижени дека економијата може да влезе во нова рецесија која може да предизвика пад на вредноста на акциите, намалување на пазарната вредност на компаниите и успорување на инвестициите.

 

Ова доаѓа откако се вклучи црвениот индикатор кој се појавува во речиси секоја рецесија во последните 80 години. Станува збор за многу едноставен преглед на кривата на движење на вредноста на државните обврзници која малку се качува и потоа се се спушта во делот на вредноста на долгорочните обврзници.

 

Индексот покажува колкава камата или колкав принос ќе донесат обврзниците на краток среден и долг рок. Моментот кој загрижува е кога во индикаторот кривата се спушта во делот на вредноста на приносите кај долгорочните обврзници.

 

Практично инвеститорите повеќе купуваат обврзници на краток рок во страв дека ќе следува лош економски период и дека не планираат поголем обем на инвестиции. Исто така вредноста и интересот за купување на обврзниците на долг рок од 10 години опаѓа, па така и се намалува нивниот принос на пазарот.

 

Рецесијата како и секоја друга циклична економска појава не треба да предизвика инстантна паника но, по големата рецесија во 2008 година, пукањето на меурот на американскиот пазар на недвижности и финансиските пазари потоа, како и синџирната реакција во Европа со должничката криза, создаде култура на претпазливост па дури и барање параметри кои би предвиделе такви ситуации за да се преземат интервентни мерки.

 

Овој пат најголема грижа е трговската војна меѓу САД и Кина која и по неколку месеци не покажува знаци дека ќе заврши со нов договор на кој упорно инсистира Трамп, притоа правејќи големи жртви кои ги погодија американските компании, но товарот го почувствуваа и Кинезите, на пример Huawei со ембаргото за користење на комуникациски системи.

 

Свои предизвици има и Европа со кризата во Велика Британија со хаотичниот излез на некогашната империја од ЕУ, додека пак Русија се обидува да ја засили својата глобална позиција во услов на економски санкции кои ја лимитираат можноста за поголем раст.

Повеќе

Анализи

Сите луѓе на министерката – Кој ќе ја советува првата финансиерка?

Објавено

на

Новата министерка за финансии Нина Ангеловска го откри тимот на советници и соработници со кои ќе соработува во текот на нејзиниот мандат. Веднаш стигнаа и првите реакции на дел од експертите кои се пожалија дека некои медиуми погрешно информирале за видот на нивниот ангажман. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Дали банките можат да ги “преживеат” негативните каматни стапки?

Објавено

на

Ширењето на неконвенционалните монетарни политики се заканува дека ќе постави опасни и непредвидливи повратни врски, сметаат финансиските аналитичари од САД кои одблиску ги следат негативните каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Телеком ќе дели 26 милиони евра дивиденда – Колку ќе се “офајдат” акционерите?

Објавено

на

Македонски Телеком ќе дели дивиденда од добивката остварена за 2018 година, која овој пат изнесува солидни околу 26 милиони евра. Телекомуникацискиот оператор на акционерите ќе им подели по 18,5 денари по акција. Во сопственичкиот удел на компанијата државата учествува со 34% од акциите со право на глас, a Камени Мост комуникации АД Скопје со 51%, додека пак малцинските акционери заклучно 31.12.2018 имаат удел од 2,7%. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange