Connect with us

Останато

Вицешампионите на Европскиот квиз на парите во 2019 и 2020 година го пренесоа своето искуство на пријавените учесници на Европскиот квиз на парите за 2021 година

Објавено

на

Денес  се одржа е-средба на европските вицешампиони од минатите две години, Марко Инѓилизов, Викторија Петрова и Христијан Андовски, како и ментори на наградени ученици, со пријавените тимови на учесници за Европскиот квиз на парите за оваа година. На настанот учествуваа околу 460 деца од целата земја, што укажува на масовноста на овој квиз и на големиот интерес на младите за финансиска едукација.

Вицешампионите и менторите ги споделија нивните искуства од учеството на натпреварите од минатите години и одговараа на прашањата од учениците. Покрај тоа, учениците активно се вклучија во пополнување на анкетен прашалник за прашања од областа на нивните знаења и подготовки на натпреварот. Значајно е што повеќето учесници се изјаснија дека се пријавиле на овој квиз затоа што учат нови работи од областа на финансиите.

Учесниците се запознаа и со функционалноста на електронската платформа „Кахут“ преку која ќе се реализира националниот натпревар на 24  март 2021 година, со која се реализираше и конкретна вежба за натпреварот, како подготовка за националниот натпревар.

Нашата земја по третпат е дел од овој значаен проект, организиран од  Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, и со поддршка од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука.

За националниот натпревар се пријавија вкупно 174 одделенија со над 650 ученици од 72 училишта од целата држава. Националните победници ќе ја претставуваат нашата земја на Европското финале на 16 јуни 2021 година.

Криптовалути

Со појавата на новиот сој ОМИКРОН, крипто токенот „Омикрон“ ја зголеми вредноста за над 900%

Објавено

на

Се ближи крајот на 2021 година и веќе сè е токенизирано, односно криптовалутите се веќе секојдневие. Но, по големиот раст од неодамна, крипто пазарите и генерално криптовалутите паднаа минатата недела по веста за новата варијанта на коронавирусот Омикрон. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Колку изнесува К15 за оваа година?

Објавено

на

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Почна исплатата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Од денеска започна исплатата на ноемвриските пензии кои ќе се исплаќаат етапно со цел поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање



Популарно