НБРМ
Вицегувернерката Нацевска: Очекуваме дека намалувањето на основната каматна стапка ќе придонесе за намалување на цената на кредитите на банките, заради полесно надминување на кризата

Одлуката за натамошно монетарно олабавување, односно за намалување на основната каматна стапка, ја донесовме во услови на стабилни движења на девизниот пазар, умерена и стабилна динамика на инфлацијата, како и постојан раст на депозитите во банкарскиот систем. Очекуваме дека овој чекор ќе придонесе за намалување на цената на финансирање на домаќинствата и претпријатијата преку кредитите од банките, заради полесно надминување на кризата.
Ова го истакнува вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во интервју за „Капитал“.
„Досегашното искуство покажува дека деловните банки ги следат сигналите на Народната банка. Секако, не можеме да очекуваме инстантна реакција, односно вообичаено е потребно извесно време за да можат банките да ги направат соодветните приспособувања и во своите каматни стапки. Но, би напоменала дека финансискиот сектор е мошне важен посредник во успешното одржување на стабилноста на домашната економија во тековната криза и поттикнување на економскиот раст.“ – посочува Нацевска.
Во интервјуто, таа нагласува дека засега, и покрај неизвесноста од здравствената криза, тековите во економијата се стабилни, без поголеми отстапувања кај клучните макроекономски параметри во однос на очекувањата.
„Сведоци сме дека дојде до повторно влошување на епидемиолошката ситуација, што услови враќање на дел од рестриктивните мерки како во глобални рамки, така и кај нас. Сепак, треба да имаме предвид дека мерките и натаму се помалку рестриктивни од оние коишто беа преземени во вториот квартал од минатата година. Во моментов, тешко е да се процени дали тие ќе предизвикаат поголема промена на нашите очекувања за економскиот раст. Секако дека сме свесни за непредвидливоста со којашто се соочуваме, бидејќи оваа криза по својата генеза е од неекономски карактер. Токму затоа правиме и алтернативни сценарија, во кои ја нагласуваме исклучително високата неизвесност околу ефектите од продолжената здравствена криза врз економијата.“ – вели вицегувернерката.
Во однос на прашањата за евентуално дополнително пролонгирање на корона-кризата, меѓу другото Нацевска нагласува дека централната банка има инструменти за дополнителна реакција доколку е потребно.
„Како и секоја друга централна банка располагаме со портфолио на инструменти преку коишто можеме да делуваме за да се обезбеди ликвидност во системот, како на пример репо-трансакциите, а на располагање ни е и макропрудентниот инструментариум за поцелно делување. Поволно е тоа што кај нас основата каматна стапка е сѐ уште позитивна, што остава простор за натамошно делување на Народната банка преку овој инструмент, доколку е потребно.“ – истакнува вицегувернерката.
Во интервјуто, таа напоменува дека одлуките што ги има донесено Народната банка за поддршка на економијата во справувањето со кризата засега даваат добри резултати, а состојбите будно се следат.
Целосното интервју е достапно на следнава врска.
НБРМ
Ангеловска-Бежоска на започнувањето на втората фаза од проектот со ИНФЕ-ОЕЦД и МФ на Холандија: Преку финансиска едукација до ползување на придобивките од финтек-секторот

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, на покана на министерката за финансии на Холандија и ОЕЦД, учествуваше на настан посветен на финансиската едукација. Средбата истовремено го означи и почетокот на втората фаза на проектот финансиран од холандското министерство за финансии и ИНФЕ-ОЕЦД, насочен кон поддршка на финансиската писменост и инклузија во регионот на ЦЈЕ. Средбата ја отвори потпретседателката на Владата на Холандија и министерка за финансии, Сигрид Кааг, со обраќање кон присутните. (more…)
НБРМ
Митреска на настан на ЕБОР за младите претприемачи: Посилната вклученост на младите во бизнисот го зголемува потенцијалот на економијата

„Народната банка особено ги цени, ги вреднува и ги поддржува иницијативите коишто ја поткрепуваат посилната вклученост на младите во целокупното општество. Спојувањето на финансиите и знаењето се важни за поттикнување на младите во бизнисот, искористувањето на нивниот потенцијал и потенцијалот на економијата во целина“, истакна вицегувернерката на Народната банка, Aна Митреска на настан во организација на Европската банка за обнова и развој, на кој се презентираа наоди од процената на пазарот спроведена во рамките на програмата на ЕБОР „Младите во бизнисот“. (more…)
НБРМ
Главната економистка на Народната банка: Финансиската писменост е потреба во современиот динамичен финансиски систем

„Со активностите предвидени во рамките на Деновите на финансиската писменост, Народната банка дава натамошен придонес исполнувајќи ја потребата за финансиска едукација во современиот динамичен финансиски систем. Сведоци сме на разновидна понуда на финансиски услуги, под различни услови, преку различни канали. Дигиталните финансиски услуги носат многу предности за корисниците, но наметнуваат потреба од дополнителни знаења и нѐ соочуваат со нови предизвици и ризици. Неопходно е постојано надградување на знаењата, не само во врска со тоа како да се користат финансиските услуги, туку и како да се заштитат правата на граѓаните како потрошувачи. Како што се менува финансискиот систем, така расте потребата од нови знаења за соодветно управување со личните финансии“, истакна главниот економист на Народната банка, Анета Крстевска при гостување во програмата на Македонското радио. Говорејќи за одбележувањето на Деновите на финансиската писменост, за што Народната банка предвиде онлајн предавања во следните три дена, Крстевска посочи: „Подигнувањето на нивото на финансиската писменост е една од стратегиските цели на Народната банка. Во рамките на овие денови, Народната банка, како општествено одговорна институција, нуди можност за стекнување и подобрување на знаењата на населението од оваа област.“
Во интервјуто, главната економистка на Народната банка посочи дека заложбите за подобрување на финансиската писменост се и одговор на потребите на населението, коешто во нашата земја, во согласност со спроведената анкета, остварува 56% од максимумот при оценувањето на трите компоненти коишто се составен дел од финансиската писменост: финансиско знаење, финансиско однесување и финансиски ставови. Овој показател е блиску до просекот за ЈИЕ (58%), но понизок во однос на напредните економии на ОЕЦД од 66%. Податоците се резултат на спроведената анкета на Меѓународната мрежа за финансиска едукација ИНФЕ при ОЕЦД во 2019 година со која се изврши мерење на финансиската писменост на населението во нашата земја во рамките на регионалниот проект за финансиска едукација поддржан од Министерството за финансии на Холандија и ИНФЕ-ОЕЦД.
Деновите на финансиската писменост се одбележуваат по седми пат. Годинава се предвидени обуки за повеќе теми коишто опфаќаат знаења за монетарната политика, за избор на кредит, за новините на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, за структурата на финансискиот систем и движењата во банкарскиот систем. Презентациите се наменети за сите заинтересирани граѓани, слушатели со основно и со понапредно ниво на знаења. Оваа година се предвидени и две наменски предавања за средношколците, во пресрет на нивниот интерес за финансиска едукација, како дополнение на досегашната можност што ја имаат училиштата за поднесување барање за предавање. Учеството во обуките се обезбедува преку електронско пријавување на секое заинтересирано лице. Повеќе информации за предвидените обука може да најдете на следнава врска.
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство