Connect with us

НБРМ

Вицегувернерката Митреска: Нов глобален предизвик е дигиталната финансиска инклузија

Објавено

на

Дигиталната финансиска вклученост е еден од новите глобални предизвици. Новите времиња и дигитализацијата носат нови можности за поголема финансиска инклузија, како и нови предизвици за повисок степен на финансиска едукација. Во услови на потреба од натамошно унапредување на финансиската вклученост и финансиските познавања на населението во нашата земја, годинава, заедно со другите финансиски регулатори, ја усвоивме првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, која предвидува голем број активности и кооридиниран пристап. Ова го посочи вицегувернерката Ана Митреска во својата презентација на работилницата организирана од германската Шпаркасе фондација за меѓународна соработка, која беше одржана за да го означи почетокот на активностите на оваа фондација во нашата земја во областа на финансиската инклузија.

„Потребно е знаење за новите можности, свесност за дигиталните ризици (онлајн измама и ризици за сајбер безбедноста, прекумерно задолжување), познавање на правата на потрошувачите и процедурите за компензација. Дигиталната финансиска инклузија станува еден од главните приоритети на глобално ниво. На пример, Г-20 Глобалното партнерство за финансиска инклузија кон крајот на 2020 година го постави дигиталната финансиска инклузија како еден од главните приоритети во својот акционен план за финансиска инклузија“, посочи вицегувернерката Митреска.

Таа истакна дека на новите предизвици и потреби одговораме стратешки со координиран пристап преку изработка и имплементација на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија. Истата содржи голем број на активности кои би се спроведувале од страна на регулаторните тела, како и приватниот сектор, а се очекува и придонес од страна на граѓанскиот сектор. Главните столбови во доменот на финансиската инклузија се заштитата на потрошувачите, пристапот до финансии за одделни целни групи, финансиски иновации. Од аспект на финансиската едукација напорите се насочени кон градење на основни познавања кај целните групи, координирани напори за едукација, изработка на едукативни материјали и вградување на добрите практики.

НБРМ

Потпишан меморандум за соработка помеѓу НБ и МАПАС − поголема ефикасност во одржувањето на финансиската стабилност

Објавено

на

Со зајакнувањето на соработката помеѓу Народната банка и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) се придонесува кон поголема ефикасност на регулаторите во анализата и оценувањето на финансиската стабилност. Ова беше истакнато на денешната средба помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али, при потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу двете институции. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на Форумот на „Еуромани“: Глобализацијата, дигитализацијата и другите структурни промени во економиите ќе влијаат на новата постпандемична улога на централните банки

Објавено

на

На панел-дискусијата на „Еуромани“ на која учествуваа гувернери од регионот на Централна и Југоисточна Европа, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска истакна дека во изминатата декада значително се зголемени одговорноста и задачите на централните банки, а пандемијата веројатно ќе предизвика и натамошни промени. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБ со повик до младите истражувачи: Пријавувањето на научните трудови за Годишната награда на Народната банка е до 1 февруари

Објавено

на

Уште половина месец до затворањето на Конкурсот за Годишната награда за 2022 година за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството. Ги потсетуваме младите истражувачи дека краен рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно