Connect with us

НБРМ

Вицегувернерката Митреска: Македонската економија ја минува ковид-кризата со посилни фундаменти во споредба со глобалната финансиска криза од 2008 година

Објавено

на

Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска учествуваше на 86. издание на Ист жур фиксе“ – настан во организација на Централната банка на Австрија, којшто оваа година, заради околностите со пандемијата се одржа во виртуелен формат. На настанот, фокусот секогаш е ставен на актуелни теми и прашања за централнобанкарската заедница, а годинешното издание беше на тема „Се за ковид-19 – геополитички, економски и макрофинансиски перспективи на земјите од Западен Балкан.

Како говорник на втората сесија на којашто се дискутираше за последиците од Ковид-19 врз макрофинансиската стабилност, вицегувернерката Митреска даде осврт на случајот на македонската економија. Притоа, во рамки на своето излагање, таа укажа на посилните фундаменти и помалите ранливости со кои македонската економија ја минува ковид-кризата, споредено со периодот на глобалната финансиска криза од 2008 година. Според неа, тоа е видливо преку повеќе сегменти, вклучително и преку посилната надворешна позиција на економијата, повисокото ниво на девизните резерви, како и преку отпорноста на банкарскиот систем.

Во своето излагање, вицегувернерката стави акцент и на каналите преку кои ковид-кризата се пренесува во домашната економија, укажувајќи на каналот на доверба и очекувања како битен фактор за намалувањето на потрошувачката и инвестициите. Понатаму, таа се осврна на каналот на трговските врски и намалената надворешна побарувачка, како фактори коишто имаат неповолен ефект врз извозот, а во услови на вклученост на економијата во глобалните производствени синџири.

„Сепак, податоците покажуваат дека овие ефекти се краткотрајни и во услови на отворање на економиите, тие постепено се исцрпуваат. Всушност, структурата на економијата и на извозната база, во коишто доминираат стоките, а не услугите, претставува компаративна предност во овој период, што може да овозможи побрзо закрепнување на кус рок во однос на некои други економии.“ – посочи Митреска.

Посебен акцент стави и на дознаките, коишто со оглед на специфичноста на кризата бележат намалување.

Во однос на монетарната политика и регулаторните промени, вицегувернерката посочи дека од почетокот на ковид-кризата, Народната банка ги релаксира монетарните услови. Намалувањето на основната каматна стапка, обезбедувањето дополнителна ликвидност, реактивирањето на неконвенционалната мерка на задолжителната резерва, но и овозможувањето на регулаторна флексибилност со цел намалување на финансискиот товар за компаниите и граѓаните се дел од преземените мерки, коишто Митреска и ги посочи во дискусијата на настанот.

„Целиот овој пакет на мерки овозможи релаксирање на финансиските услови и олеснување на пристапот до финансирање, со што се ублажува ефектот од ковид-кризата врз домашната економија. – истакна вицегувернерката.

На крајот на излагањето, таа ја нагласи и исклучително високата неизвесност присутна кај економиите, со оглед на здравствениот карактер на кризата, како и потребата од внимателно следење на сите текови.

Учеството на овој значаен меѓународен настан, вицегувернерката Митреска го искористи и за одделни дискусии со свои колеги од регионот и Европа, коишто во најголем дел беа фокусирани на размена на искуства од досегашното справување со ковид-кризата.

НБРМ

Вицегувернерката Нацевска: Сите показатели потврдуваат дека девизните резерви се во исклучително добра кондиција

Објавено

на

Сите показатели потврдуваат дека девизните резерви се во исклучително добра кондиција – на високо ниво и постојано се во сигурната зона. На крајот на септември изнесуваат 3 милијарди и 480 милиони евра, што е повеќе за близу 400 милиони евра во споредба со крајот на февруари, пред почетокот на ковид-кризата во нашата земја. Но, не само номиналниот износ, туку и релативните, меѓународно прифатени показатели за оцена на адекватноста водат кон констатацијата дека нивото на резервите е соодветно и обезбедува заштита на девизниот курс на денарот. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска – Гир: Усогласеноста на земјата со стандардите на ЕУ во сферата на монетарната политика е на напредно ниво, благодарение и на целосната поддршка од ЕУ

Објавено

на

Позитивните оцени за Народната банка изнесени во годишниот извештај од Европската комисија за напредокот на земјата во 2020 година и за напредната усогласеност со барањата на Европската Унија (ЕУ) во сферата на монетарната политика и законодавството од оваа сфера се многу важни за напредокот на земјата на патот кон ЕУ. Усогласувајќи се со европските стандарди, Народната банка покажува цврста решеност и подготвеност за натамошно пристапување кон Европскиот систем на централни банки. Во остварувањето на овие стратегиски цели, Европската комисија (ЕК) и многу централни банки од ЕУ ја поддржаа Народната банка преку значајни проекти, техничка помош и активности за јакнење на капацитетите. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка склучи Договор за соработка со Европската централна банка во сферата на заштитата на банкнотите во евра од фалсификување

Објавено

на

Народната банка склучи Договор за соработка со Европската централна банка (ЕЦБ) во сферата на заштитата на банкнотите во евра од фалсификување. Со ова се остварува уште еден чекор во исполнувањето на препораките од најновиот извештај на Европската комисија и се потврдува цврстата стратегиска определба на Народната банка за чекорење по патот кон Европскиот систем на централни банки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно