Connect with us

НБРМ

Вицегувернерката Митреска: Идните чекори на монетарната политика условени од инфлацијата и состојбите на девизниот пазар

Објавено

на

„Добар сигнал е што растот на инфлацијата забавува. Во февруари годишното зголемување на цените е за околу три процентни поени помало од најсилниот раст што беше измерен во октомври и ова темпо на прилагодување е слично на еврозоната. Динамиката со која се движи инфлацијата е слична и со очекуваната во последниот циклус проекции на Народната банка, согласно кои таа е проектирана на 8-9% на годишна основа. Сценариото за овие проекции се заснова на претпоставките за понатамошно намалување на светските цени на енергентите и храната, постепено стабилизирање на очекувањата за инфлацијата, коешто веќе и се случува, а затегнувањето на финансиските услови исто така треба да делува на оној дел на индексот на цените коишто е чуствителен на промените на побарувачката. Доколку нема некои непредвидени шокови во следниот период треба да видиме стабилизирање на инфлацијата“, вели во интервју за „Блумберг Адриа“, вицегувернерката, Ана Митреска.

Вицегувернерката Митреска се осврна и на монетарната политика која ја водат двете глобално значајни централни банки – Федералните резерви на САД и Европската централна банка. ЕЦБ минатата недела, согласно најавите, ги зголеми каматните стапки за дополнителни 0,5 процентни поени, додека ФЕД неодамна стави акцент на веројатната потреба од порестриктивна монетарна политика, поради позатегнатите услови на труд и се уште недоволното успорување на инфлацијата. Во однос на идната патека, таа посочи дека  дека ќе зависи од најновите оценки за економските и финансиските услови во овие економии. Дали и колку последните случувања на надворешните финансиски пазари ќе имаат одраз на очекувањата за економските показатели, а со тоа и на монетарната поставеност на овие две централни банки, останува да се види во следниот период.

„Потезите и промените во монетарната политика на Народната банка ќе зависат од инфлацијата, меѓутоа и од девизниот пазар, со оглед на тоа што функционираме во услови на режим на фиксен девизен курс, којшто е номинално сидро и основа на целокупната стабилност на нашата економија. И на двата фронта гледаме одредено стабилизирање, меѓутоа ризици се уште постојат. Се разбира дека и однесувањето на Европската централна банка ќе има одредено влијание врз нашата каматна политика. Потребно е сите нови расположиви информации и оцени за домашната економија и надворешното окружување да се систематизираат и тие ќе претставуваат основа за следните чекори во монетарната политика“, вели вицегувернерката Митреска.

НБРМ

Народната банка им ги пренесува искуствата за изготвување статистика на финансиските сметки на другите централни банки

Објавено

на

Народната банка, покрај тоа што е посветена на развојот на институционалниот капацитет на своите вработени, ги пренесува и своите знаења, професионално искуство и најдобри практики во областите коишто се предизвик за другите институции во земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Директорката на Дирекцијата за статистика при Народната банка, Снежана Јанеска-Поповска, учествуваше како предавач на Работилницата за финансиската статистика, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), меѓународна организација којашто функционира како центар за размена на знаења и соработка во нашата конституенца. Темите што се обработуваа на Работилницата се однесуваа на различните практични и концептуални аспекти на составувањето на статистиката на финансиските сметки, со осврт на секторите и финансиските инструменти, конзистентноста на националните секторски сметки, изворите на статистички податоци, изготвувањето податоци за состојбите и тековите, преку искуствата на неколку европски централни банки, ЕЦБ и ММФ. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Објавено

на

„Без никакво сомневање, приоритетот на централните банки е стабилизирањето на  инфлацијата, за што и натаму треба да се водат внимателни макроекономски политики“. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на гувернерите во рамките на Самитот на гувернери на централни банки, министри на финансии и директори на даночни управи во регионот, под наслов „Финансиската и монетарната стабилност во регионот во услови на продолжени геополитички и економски кризи“, којшто се одржува во Црна Гора. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Бојчева-Терзијан од Народната банка: Растот на зелените финансии ‒ поддршка на енергетската транзиција на економијата

Објавено

на

На бизнис-форумот „Економски перспективи за предвидлив развој“ во организација на агенцијата „Марили“ учествуваше директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика при Народната банка, Султанија Бојчева-Терзијан. Темите што беа обработувани на бизнис-форумот се однесуваа на одржливата економија, особено енергетските предизвици како нови можности во економијата, како и политиките и моделите за одржлив развој на земјоделството и прехранбената индустрија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно