Connect with us

Кредити

Вистинска понуда во вистинско време – потрошувачки кредит од Халкбанк со камата од 5% фиксна за првите три години

Објавено

на

Новиот потрошувачки кредит на Халкбанк со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување АД Скопје кој е со каматна стапка од само 5% фиксна за првите три години, е идеален за финансирање на најразлични потреби на граѓаните во овој посткризен период. Со новиот кредит, Халкбанк излегува во пресрет на сите оние кои, во време кога животот почнува постепено да се враќа во нормала, имаат потреба од средства за задоволување важни потреби. Овој производ е идеален и за рефинансирање на постојни кредити во други банки, со што се добива и значително намалување на месечните рати.

За овој кредит, максималниот износ на одобрени средства е 1.500.000 денари, а рокот на враќање може да биде до 10 години. За остатокот од рокот за отплата се пресметува 5,5% варијабилна каматна стапка ( референтната стапка за пресметување на стапката на законската казнена камата која во моментот на склучување договор изнесува 1,5 %, зголемена за 4 пп).

Новиот производ e со ниска стапка на вкупни трошоци и нема трошоци за обработка на кредитот, а единствено што се наплаќа е 150 денари за апликација за кредитот и 350 денари за проверка во Кредитно биро, доколку кредитот е одобрен, и тоа пред исплата на одобрените средства.

„Потрошувачките кредити секогаш се најбарани производи бидејќи служат за задоволување на најразлични потреби – купување добра, плаќање различни услуги или едноставно за пребродување на одредени периоди во животот, каков што впрочем е сегашниот, како последица од кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19. Со оглед дека и државата со низа мерки настојува да овозможи поголемо кредитирање токму со цел да му се помогне на населението, и ние во Халкбанк го креиравме новиот производ – Потрошувачки кредит со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување АД Скопје со ниска каматна стапка од само 5% која е фиксна за првите три години. Во денешно време е тешко да се обезбедат жиранти или кокредитобаратели со кои вообичаено се обезбедува кредитот, па затоа кај овој производ го вклучивме пакетот полиса за осигурување од Халкбанк Осигурување, како дополнителна сигурност на граѓаните во отплатата“, велат од Халкбанк.

Пакетот полиса за осигурување од Халк Осигурување АД Скопје е наменет за осигурување на потрошувачкиот кредит и обезбедува покритие во случај нанеможност за враќање на кредитот (во случај на смрт од било која причина, смрт од незгода), како и при траен инвалидитет (над 30%) во случај на незгода.

За новиот потрошувачки кредит од Халкбанк не е предвидена наплата на никаква провизија во случај на негова предвремена отплата.

Кредити

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица

Објавено

на

НЛБ Банка води промотивна кампања за сите кредити за физички лица до 31.08.2020 година. Во рамки на кампањата сите кредити се нудат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

За сè што ви е важно – нов потрошувачки кредит од Халкбанк со 5% фиксна каматна стапка за првите три години

Објавено

на

Потрошувачки кредит со намалена каматна стапка од само 5% фиксна за првите три години и со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување е новиот производ на Халкбанк со кој Банката излегува во пресрет на граѓаните во новонастанатата состојба. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Ангеловска: Досега одобрени 7,13 милиони евра од Ковид 2 бескаматните кредити

Објавено

на

Преку Развојната банка досега се доделени 7,13 милиони евра од бескаматната кредитна линија Ковид 2, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил. (more…)

Продолжи со читање

Популарно