Connect with us

Анализи

Вистиномер го осуди политичкиот прогон насочен кон Нина Ангеловска

Објавено

на

По објавата на гувернерката на Народна Банка, Анита Ангеловска Бежовска дека ја одзема дозволата за работа на „Еуростандард Банка АД Скопје“, актуелната опозициска партија излезе со една прес-конференција и со едно соопштение, а во соопштението има изјава која може да се оцени како недоследна.

Партијата која е втора со најголем број освоени мандати во новиот состав на Собранието и која, исто така, претендира да состави Влада, прстот го впери кон министерката за финансии Нина Ангеловска од која бараат да одговори дали и пропаднале 250 илјади евра депозит во банката или „ако не се, односно истите ги повлекла, со оглед на фактот што тие пари согласно имотниот лист не ги располага веќе во таа банка, тогаш тоа е огромен скандал“ и „ Ангеловска е должна да каже дали имала предвреме информација за таквиот  потег“.

На ваквото тврдење во форма на прашање до јавноста и до Ангеловска, министерката пропмтно одговори дека своите депозити во банката ги повлекла пред подолг период, односно „промените се направени пред подолг период и јасно може да се увиди дека немаат никаква поврзаност со денешната објава на Народната банка“.

Епизодно, дел од медиумите се обидоа да ја засилат „доследноста“ на тврдењето на политичката партија, па излегоа со констатација дека Ангеловска не објаснила што е тоа „подолг период“ и дека „и банката подолго време имала проблеми за што таа можела да дознае“. Токму така, информациите за лошата состојба на банката подолг период се јавна информација за која зборуваше и нејзиниот мнозински сопственик и никој не треба да ѝ каже посебно на Нина Ангеловска да размисли дали ќе ги остави своите заштеди во таа бнака или, како и секој друг граѓанин, би размислила и би ги повлекла своите депозити.

Ако се погледне имотниот лист на Ангеловска на веб страната на ДКСК, ќе се види дека тие депозити, односно многу помали од тврдењето на политичката партија, во Еуростандард банката се наоѓале од 2017 до 2019 година. Сега сме месец август 2020 година, што доволно говори само по себе што е тоа „подолг период“ и упатува на заклучок дека нема поврзаност со одлуката на НБРСМ и повлекувањето на депозитите на Ангеловска од банката.

Ова е уште една од низата недoследни изјави во јавноста пласирани во разни форми, а кои личат на тактика „пукај и бегај“.

Оттука, тимот на Вистиномер соопштението/изјавата на оваа политичка партија со обвинувањето кон Ангеловска гп оценува како недоследно.

Извор: Вистиномер

Анализи

Каматните стапки ќе растат, прашање е само кога ќе почнат?

Објавено

на

Додека сите очекуваат каматните стапки да станат негативни, се чини тие сега може да одат само нагоре. Ковид пандемијата и антикризните мерки што ги наметна на глобално ниво ги менуваат околностите на полето на монетарните политики и полека како да не воведуваат во период на растечки каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Програмерите убедливо најплатени во земјава – во просек земаат над 70.000 денари нето плата

Објавено

на

Најновите податоци на Државниот завод за статистика, за месец март 2021 година, говорат дека програмерите се убедливо највисоко на листата со најмногу платени работници во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Бројот на претставки од незадоволни осигуреници зголемен за 56 отсто

Објавено

на

За првите три месеци годинава до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) се поднесени 36 претставки од осигуреници кои не се задоволни од работата на осигурителните друштва од кои купиле полиси за осигурување. (more…)

Продолжи со читање


Популарно