Connect with us

Странски банки

Висок раст на акциите на НЛБ Групацијата

Објавено

на

Поминаа точно три години откако акциите на НЛБ почнаа да котираат на Љубљанската берза “LJSE“. Во тоа време, аналитичарите беа доста скептични бидејќи сеќавањето за падот на акцијата на Нова КБМ сè уште беше доста живо.

Поточно, со акциите на НЛБ почна да се тргува на 14.11.2018 година, а првата поединечна цена беше 56,65 евра.

Но, сега приказната е поинаква, НЛБ Групацијата одлично заработува и сериозно го проширува својот бизнис со големи аквизиции на неколку регионални пазари.

Во првите девет месеци од годинава, добивката на НЛБ Групацијата изнесува 205,5 милиони евра што е за 96 проценти повеќе во однос на истиот период од претходната година. НЛБ Групацијата планира да им исплати дивиденда на акционерите во износ од 67,4 милиони евра или 3,37 евра бруто по акција.

Акцијата минатата недела порасна за пет проценти и надмина 80 евра. Само во ноември акциите поскапеа за 10%, а годинава акциите на НЛБ за пораснати за речиси 80 проценти.

Странски банки

Европската централна банка ги зголемува референтните каматни стапки за 25 базични поени

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот ги зголеми клучните каматни стапки за 25 базични поени поради високите инфлациски притисоци. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕЦБ подготвува ново зголемување на каматните стапки

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) повторно ќе ја зголеми референтната каматна стапка како дел од борбата против инфлацијата, на следниот состанок на Советот на гувернери. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Презентација на Редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан

Објавено

на

Светска банка денеска ќе одржи презентација на 23-то издание од серијата извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, насловено „Тестирање на отпорноста“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно